Исчистете ги темните дамки од лицето со лимон, лук и кромид
Темните дамки на кожата се појавуваат како резултат на изложување на сончевите зраци, поради возраста, но и заради појавата на акни, и дефинитивно не изгледаат добро на лицето. Но н е очајувајте има лек, и тоа во кујната
1. Сок од лимон
Сокот од лимон има природни својства за белење што може да помогнат да се намали појавата на темни дамки со осветлување на кожата. Втријте свежо исцеден сок од лимон врз темните дамки и оставете го така околу 10 минути, а потоа исплакнете со вода. Оваа постапка треба да се прави 3 пати неделно. Сокот од лимон ја суши кожата и ја влошува чувствителноста кон сонцето, па затоа после третманот е важно да нанесете крем и производ за сончање на кожата.
2. Црвен кромид
Киселината од кромидот има природни својства на осветлување на кожата кои можат да помогнат во борбата против темните дамки. Исцедете го сокот од кромид, потоа нанесете го со памук на темните дамки. Нека дејствува околу 10 минути, а потоа исплакнете.
3. Лук
Исечете две лукчиња и со нив тријте по кожата. Исто така, е можно да се направи преврска со памук и паста од лук на кожата. Оставете да делува околу 30 минути, а потоа измијте.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Благоја Пандовски, Транспаренси Интернешнл Македонија
-
Партнерот на Рамајана ја убил пред 5-годишната ќерка
-
Пред утрешната средба, Мицкоски бара Таравари јасно да каже дали соработува со Ахмети
-
Мицкоски и Филипче го повикаа Ахмети да се повлече од идеите за дестабилизација
-
Мицкоски: Имаше обид за инженеринг за вистината за Делчев
-
Имало ли пријави за насилство?
-
Возачот кој на пешачки ја удри Фросина Кулакова седнува во судница
-
Велосипедско возење во знак на поддршка на семејствата на настраданите во трагедијата во Кочани