-->
-->
Исчезна јапонски воен хеликоптер
-->
Јапонски воен хелиокоптер со четири членови на екипажот исчезна денеска од радарите во текот на воена вежба над Тихиот Океан, соопшти Министерството за одбрана на Јапонија.
Хеликотерот од типот Блек Хоук исчезнал од радарите додека се наоѓал на 31 километри јужно од градот Хамамацу.
Во соопштението се посочува дека во реонот на Пацификот во кој исчезнал хеликотерот, се пронајдени „некои делови како плутаат во водата“, за кои се претпоставува дека му припаѓаат на леталото.
Според јапонските медиуми, хеликопотерот, што учествува во вежби во кои се симулирале спасувачки операции, најверојатно се урнал во Тихиот Океан.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Нови авио линии, поголем број на туристи
-
Преглед на вестите од светот
-
Изгоре куќата на Александар Пандов – директорот на управата за извршување санкции смета дека е подметнат
-
Протест во Скопје на родителите на загинатите во дискотека во Кочани
-
Кочани повод за нова интерпелација за Тошковски за 100 дена
-
Тема на денот со Гордан Георгиев, Форум за разумни политики
-
Во странство остануваат 28 повредени во трагедијата во Кочани - Турција ќе прими до 15 за долготрајна рехабилитација
-
На Македонија и се заканува епидемија од морбили - опфатот лани помал од 2023