Исчезна јапонски воен авион со четиричлен екипаж
Јапонски воен авион со четворица членови на екипаж исчезна денеска во северниот дел на Јапонија.
- Авионот исчезна од радорот во близина на аеродромот „Хакодате“, на островот Хокаио, додека се обидуваше да понесе пациент од Хокадате, по барање на градоначалникот на градот, изјави портпарол на Министерството за одбрана.
Тој соопшти дека Министерството испратило авиони и хеликоптери во потрага по исчезнатото воено летало.
- Испративме четири хеликоптери и два авиони за да го пронајдат исчезнатиот авион. Засега немаме пронајдено никакви траги, изјави портпаролот, додавајќи дека временските услови се лоши, особено во планините.
Исчезнатиот авион требало да превезе пациент од болницата во Хокодате до градот Сапора, поради посебен медицински третман.
Ново на Сител
-
Едно лице загина во невремето што попладнево ја погоди Србија
-
Осуденик од затворот во Идризово ноќеска починал на Комплекс клиники „Мајка Тереза“
-
Тони Крос стави крај на кариерата
-
МЗ: Хируршките сали во Клиничкиот центар се враќаат во употреба
-
ЦУК: Околу Качаничка Клисура и Скопска Црна Гора значително нестабилна облачна маса
-
Во Кочани измамена 75-годишна жена за сума од околу 4.000 евра
-
Определен 30-дневен притвор за врховниот судија Наке Георгиев
-
Драма на автобуска постојка во Центар: Неколку лица претепале и ограбиле четири малолетници