Исајловски: Да одговориме со успех на надворешно-политичките предизвици

Заменик-министерот за надворешни работи Илија Исајловски изјави дека со исклучителна одговорност ја прифатил функцијата имајќи ги предвид надворешно-политичките приоритети на земјата.
- Функцијата заменик-министер за надворешни работи ја прифатив со исклучителна одговорност согласно на тоа дека надворешните политички приоритети на Република Македонија би требало во наредниот период да бидат со успех исполнети и со успех да одговориме на сите предизвици кои се поставени од страна на Европската унија и НАТО, рече Исајловски.
Не помало значење, потенцираше тој, Република Македонија дава и на економската дипломатија, културното претставување и градење на добри, стабилни, пријателски односи со соседните земји, како и земјите од евроазискиот регион.
Исајловски беше избран за заменик-министер за надворешни работи на денешнарта 106. седница на Собранието. Негов претходник беше Драгана Кипријановска.
Ново на Сител
-

Кочоска: Формализирање на неформалната економија
-

ВМРО-ДПМНЕ: Го заштитивме растот на платите
-

Вечерва во Струмица започнуваат карневалските свечености
-

Изјава за медиумите на премиерот Мицкоски
-

Преглед на вестите од светот
-

Земјоделците (не)задоволни од новите построги правила за субвенции
-

Тема на денот со Младен Чадиковски, претседател на ЗНМ
-

Владата избра 9 нови амбасадори
