Живот
3. November 2015 - 12:41

Ирски свештеник докажа дека Исус никогаш не постоел

Матрикс Ворлд - Загреб

Интересно е дека во последно време се повеќе високи свештеници објавуваат студии во кои се откриваат лаги и измами во Библијата, но неодамнешното откритие на отец Томас Броди би можело еднаш за секогаш да ја решат мистеријата наречена Исус Христос.

Тој помогнал при основање на Доминиканскиот библиски институт во Лимерик и со децении ги истражувал раните црковни текстови и записи за Исус, по што на крај дошол до заклучок дека „главниот лик“ од Новиот Завет не бил историска личност. Откако ја објавил книгата под името „Beyond the Quest for the Historical Jesus‟, Ватикан по итна постапка го сменил од неговата позиција во Доминиканскиот библиски институт во Лимерик 

Книгата на Броди предизвика гнев и недоверба во Ватикан, но никој од ватиканските службеници не го нарече Броди лажго ниту пак ги негираа неговите извори.

Весникот „Ајриш Сан“ објави дека свештеникот е отстранет од службата иако самиот помогнал за основањето на најсилниот Доминикански институт во западна Европа. Истиот извор дојде во посед на црковни документи во кои на схоластичарот Том Броди му забрануваат учење по црковните институции и строго му забрануваат истражување и пишување на нови трудови, додека против него треба да се организира процес кој ќе одлучи за неговата судбина внатре во црковната хиерархија.

Томас Л. Броди посветил над 40 години за да истражи дали Исус постоел или е дел од милениумска лага која се преточила во Новиот завет.

На отец Броди најмногу му се забележува тоа што тој од средината на 70-те години на 20-от век го истражувал постоењето на библискиот Исус, но најмногу се товари за тоа што со своите откритија излегол во јавноста користејќи ги раните црковни извори кои се бавеле со иста тема. Самата книга ја пишувал повеќе од 12 години, а таа ги шокирала надредните до таа мера што не знаеле како со неа ќе се пресметаат иако книгата се појавила во јавност во септември 2012 година.

Броди тврди дека многу работи за Исус во Библијата се позајмени од еврејската Тора, но исто така и од поранешни текстови од други култури, како Сумерите.

Неверојатно е што Црквата ги негира откритијата на Броди иако тој се користел само со црковни документи, а неименуван извор внатре во ирската Црква потенцирал дека „теоријата помалку е чудна, но тој 12 години копал по стари документи и истражувал за таа тема, а никој за тоа не бил загрижен, никој не знаел дека тој еден ден ќе излезе во јавност со сето тоа‟.

Отец Џерард Нортон, кој го заменил Броди на неговата позиција смета дека неговиот отказ е прифатен без ниту малку разгледување и дека тој нема да има никаква нова должност внатре во ирската Црква.

Наспроти обидите на новинарите да стапат во контакт со Броди, тој останал надвор од медиумите почитувајќи го покорот кој му го наметнал Ватикан.

Доминиканскиот ред во 2014 година, во својот јулски број на магазинот „Doctrine and Life“, го образложил проблемот на Броди на следниот начин.

- Во септември во 2012 година отец Томас Л. Броди од ирска провиненција објави книга под името „Beyond the Quest of the Historical Jesus“, во која добро признатиот и познатиот автор на коментарот на евангелието по Јован, категорично тврди дека неговите истражувања докажале дека Исус никогаш не постоел и дека тој не е историска личност. Тој сметал дека неговите откритија ќе наидат на одобрение, бидејќи угледната позиција ја држел од 1970 година на нашиот Институт и поради големиот дел на материјалот кој го објавил како докази за непостоење на Исус. Но одобрување за такво претставување на информациите не добил. Поради своите уверувања и истражувања кои се во спротивност со христијанската наука априори ирската провиненција, отес Грегори Карол наредил Томас Броди да се повлече од службата и да му се забрани изучување, пишување и комуницирање со медиумите се додека не се реши контроверзата која ја предизвика со објавата на својата книга. Случајно во исто време Том Броди дал оставка од местото главен уредник и директор на Доминиканскиот библиски институт во Лимерик, се вели во образложението.

Со овластените кои ги има Доминиканскиот ред на ирската провиненција, основана е комисија од пет експерти кои го истражиле спорниот труд. Откако комисијата поминала цело утро во испитување на фра Броди, донесени се следните заклучоци.

- Комисијата заклучи дека наведената книга е неразумна и опасна и дека ќе продолжат со санкции против нејзиниот писател. Со ова Том Броди се повлекува од јавната дејност и му се забранува учење, служење на миси, а посебно му се забранува комуникација со јавноста и медиумите, заклучи комисијата.

Ако мислите дека ова е крај на хајката против Броди, сте се измамиле. Кон средината на 2013 година директорот на Доминиканскиот ред во Ирска, го предал овој случај на разгледување на врховникот на Доминиканскиот ред во Ватикан.

Кон крајот на 2013 година отец Бруно Кадоре основал комисија за да ја испитаат книгата и приватно да му се достави извештај за истата. Комисијата била составена од тројца професори на теолошкиот Универзитет во Фрибург и директорот на комисијата кој не смеел да гласа отец Микаело Маскари.

На 20.02.2014 година по два часа разговор со Том Броди, комисијата донела извештај во кој се наведува дека „книгата е неразумна и опасна‟ и додале дека санкциите кои ги донеле Доминиканците во Ирска се сосема оправдани и разумни.

Во отвореното писмо на редот отец Бруно Кадоре, останува при санкциите кои ги донеле комисиите и смета дека тие мора да се водат до крајот на животот на Броди.

Наспроти рестрикциите кои Ватикан ги стави на товар на овој схоластичар, Броди останал член на редот на Доминиканците на ирската провиненција која продолжува да се грижи за него. Што се однесува до редот, случајот е заклучен и затворен.

Со други зборови 71-годишниот фратар Томас Л. Броди бил осуден на молк, а за возврат ќе го пазат на стари денови, зарем не мислите дека тоа е убаво од црквата.

Купиле молк на еден схоластичар така што му ветиле дека по стари денови нема да биде исфрлен на улица и нема да го товарат за ерес, ако, простете ми на изразот „си го држи јазикот за забите‟.

Црквата без ниту малку срам безобрано постапува со човек кој трагал по вистината, на крај на краиштата, зарем Броди не дошол до своите заклучоци благодарение на поранешни црковни списи, тој ништо не измислил, само дошол до заклучоци кои со милениуми висат во недостижните црковни архиви кои нас ни се забранети. Не е ни чудно зошто „комисиите‟ ги нарекле неговите заклучоци опасни, но никој не се осудил да го анализира или да го негира тоа што стои во документите кои Броди ги користел за своите студии.

Втора работа која паѓа во очи е дека забелешката за „неразумни и опасни‟ заклучоци се влече од самиот почеток на процесот против фра Броди, секако дека на доминиканците традиционалните „научници‟ на Ватикан, истражувањето направено внатре во сопствениот ред е вистински трн во око; ако такво нешто откриеше лаик лесно би го декласирале и омаловажиле, но кога доминиканец ќе дојде до сознанија за непостоење на историскиот Исус, тогаш во Ватикан ѕвонат сите ѕвона на аларм.

Како на паствата да се објасни дека внатре во најзначајниот истражувачки ред на Католичката Црква, се крие човек кој дошол до заклучок дека Исус никогаш не постоел?

Па сепак, ниту една комисија не можеше да ги негира наодите на Броди, никој не рече дека тој е лажго или дека измислува работи, слична работа се случила и со поранешниот советник на папата др. Михаел Ледвит, кој како еден од најважните теолози на светот заклучил дека Библијата крие многу лаги и измами и дека сите свои аргументи ги поткрепил со Ватикански списи.

Др. Михаел Ледвит, признат теолог и советник на папата, призна дека Библијата е полна со лаги.

Ние за овој случај пишувавме со голема внимателност, за жал некои наши читатели априори не нарекоа клеветници, лажговци и интриганти и не потрошија ниту малку време и труд за да ги проверат нашите извори и тоа што го пишуваме.

Сигурни сме дека многумина од нас текстот за отец Броди и неговата книга ќе ја протолкуваат како „неразумна и опасна‟, бидејќи ќе се коси со нивните верувања, но ќе ги потсетат сите читатели дека ние не сакаме да веруваме, туку да знаеме.

Еден од истражувачите кои сметаат дека Исус никогаш не постоел е и Михаел Паулкович кој истражил трудови на 126 историски текстови напишани меѓу првиот и третиот век во новата ера.

Најважните историчари на Исусовото време остануваат неми, никој од нив не слушнал за Исус.

Како е тоа можно?

Паулкович додава дека дури и Павле на кој му се припишува основањето и ширењето на Христијанството никогаш не зборувал за Исус како за вистински човек. Павле не знаел ни за Марија, за раѓањето на Исус, детството, чудата на Исус, апостолите, предавството, судењето, маката и воскреснувањето.

Времето кога почнала христијанската ера е едно од најдобро документираните во историјата. На пример Ливиј (59 год. п. н. е. – 17 год. п. н. е.), римски историчат за владењето на Август самиот напишал 142 трудови, тука биле и Тибериј, Јосип Флавиј, Тацит и Светониј. 

Наспроти тоа, историскиот Исус речиси надвор од Библијата не го наведува ниту еден познат историчар во времето во текот и по доаѓањето на Исус.

Истакнатиот историчар и филозоф Филон (20 год. п. н. е. – 50 год. н. е.) кој живеел во време на наводниот живот на Исус, не зборува ништо за темата на големиот еврејски чудотворец.

Исус и неговите следбеници не ги спомнува ниту еден од 40 останати историчари кои живееле во текот на првиот и вториот век во новата ера.

Еден од жално малубројните „спомени‟ кои христијаните ги чуваат како докази за постоењето на Исус е писмото на Трајан кое наводно го напишал римскиот историчар Плиниј Помладиот. Меѓутоа, во тоа писмо има само еден соодветен збор „христијани‟, а докажано е и дека тој е фалсификуван, што постои сомневање и за „документот‟ во целина.

Бранителите на Христијанството како доказ за својот богочовек сакаат да понудат и мал и можеби интерполиран, отсечок од делото на римскиот историчар Светониј во кое се наведува зборот „Chrestus‟ или „Chrestos‟. Chrestus всушност е титула и преводот на тој збор значи помазаник. Значи секој кој бил крстен или помазан ја носел титулата „Chrestus‟ или „Chrestos‟.

И за крај да потсетиме на зборовите на поранешниот папин советник Ледвит, кој за Новиот Завет го вели следново. 

- Многу христијани сметаат дека Библијата, посебно Новиот тестамент, т.е. Новиот завет е инспириран од самиот Бог. Тие веруваат дека тие зборови во некаков облик се пратени од небото, во еквивалент на некаков факс или меил, во главата на луѓето кои ја запишувале Библијата, значи сметаат дека тоа е божја инспирација за оваа света книга и дека е преточена во секој запишан збор преку раката на авторот на Библијата. Сметам дека моите современици мислеле за истите работи кои ме мачеа и мене, можеби не толку интензивно, но бев целосно свесен дека другите теолози имаат иста теза во главата, смета Ледвит.

Во тогашно време луѓето на позиции на моќ (внатре во Католичката Црква), размислуваа за недоследностите и грешките на верските авторитети.

Христијанската историја е преполна со такви примери и такви работи постојано се повторуваат. Неодамна разговарав со луѓе кои сакаа да чуваат трајни вредни религиски вистини од Библијата. Не ми преостана ништо друго, туку да ги прашам: „А каде мислите дека во евангелието и во Новиот завет ќе најдеме нешто такво?‟

Повелете посетете ја Ватиканската библиотека, прочитајте ги најстарите манускрипти кои во себе имаат записи од Новиот завет, еден од таквите артефакти е под името „Codex Vaticanus‟ тоа е верзија на Библијата, која најверојатно ја порачал Константин. Потоа, погледнете во друг манускрипт, кој се чува во Британската библиотека, тој манускрипт се нарекува Codex Sinaiticus, тој е откриен на планината Синај, во манастирот Света Катерина.

Споредете ги тие два текста кои потекнуваат од 4 век во новата ера и обидете се да ја најдете фамозната приказна за Исус кој спасува жена од каменување, која во модерните Библии се наоѓа во евангелието по Јован во осмото поглавје.

Тоа и исклучително силна приказна, која ја НЕМА во ниту еден примерок од најстарите библиски верзии, што значи дека приказната е вметната во Новиот заврт прв пат по 25 години од новата ера. Можам да ви дадам на стотици такви примери.