Свет
24. November 2023 - 10:32

Ирската полиција уапси 34 лица по немирите во Даблин

Началникот на ирската полиција денеска соопшти дека 34 лица се уапсени поради синоќешните немири во Даблин предизвикани од напад со нож во кој беа повредени пет лица, меѓу кои три деца.

„Имаме вкупно 34 апсења, од кои 32 ќе бидат изведени утрово“, рече Дру Харис на прес-конференција. Тој додаде дека во судирите еден полицаец е тешко повреден.