Ирма пристигна на Флорида

Ураганот Ирма ја погоди денеска Флорида како мошне силна бура од четврта категорија, а забележани се се посилни ветрови.
Ирма подрачјето го погоди со ветрови со брзина од 215 километри на час. Националниот центар за урагани на САД јави дека се очекува дека Ирма ќе остане мошне силна бура додека минува преку Флорида.
Полицијата на Ки Вест им порача на жителите, кои не се евакуирани да останат во засолништата или во затворен простор додека бурата целосно не помине.
Полицијата исто така им порача на жителите да не излегуваат надвор кога над местото на кое се наоѓаат ќе минува окото на бурата, бидејќи тогаш временските услови можат да дадат лажна слика дека бурата минала.
Во желбата да укаже колку Ирма е опасна, метеорологот Ерик Холтаус објави денеска на Твитер снимка, на која се гледа споредба на Ирма со други помали урагани, кои претходно ја погодиле Флорида и оставиле зад себе голем број жртви и разурнувања.
Најстрашниот ураган во историјатаа на мерењето на Атлантикот е всушност Ирма, но не е првиот кој ја погодил Флорида.
Во август 1992 година Флорида беше погодена од ураганот Ендрју, во кој загинаа 65 лица, оштетени беа над 120 илјади куќи, а целосно беа уништени околу 20 илјади.
Ирма, според фотогрфиите на Холтаус е неколку пату поголема, а тоа според метеорологот значи дека е и неколку пати поопасна.
Повеќе од 170 илјади домови и фирми на Флорида останаа без струја, а центарот на Ирма е на околу 90 милји југоисточно од Ки Вест.
Компанијата „Пауер енд лајт“ на својата веб страница соопшти дека повеќе од половина случаи на прекин на струја биле во подрачјето на округот Мајами Дејд, каде за околу 600 илјади луѓе е наредена евакуација.
Ново на Сител
-

Димитриеска-Кочоска: Државната помош не смее да биде товар врз јавните финансии, туку инвестиција во конкурентноста и одржливиот раст
-

Мицкоски: Со нова градинка во општина Ѓорче Петров до помали листи на чекање
-

Николоски: Воведуваме уште две нови авиолинии кон Италија, од јули ќе се лета кон Алгеро Сардинија и Палермо
-

Заврши процесот на регистрација и доброволна дерегистрација на ДДВ обврзниците
-

ЗОИ2026: Злато за Австрија во скијачки скокови, натпреварувањето прекинато
-

МБА: Од 1 март 2026 година почнува примена на засилена автентикација при електронски плаќања
-

Посебен режим на сообраќај во центарот на Скопје
-

Нема пријави за излевање на Вардар кај Форино, ниту нови поплавувања на објекти на подрачјето на Кичево
