Ирфан Асани реизбран за директор на ЈП МЖ Инфратсруктура

Ирфан Асани е реизбран за директор на ЈП МЖ Инфраструктура на последната седница на управниот одбор на претпријатието, со нов четиригодишен мандат.
Од ЈП МЖ Инфраструктура денеска во соопштение ги наведуваат активностите на Асани во изминатите четири години и оценуваат дека ги решил поголемите проблеми како нередовното плаќање на платите на вработените, кражбите по пругите како и долговите кон други компании кои сега се минимални или се исплатени во целост.
- Асани за четири години ја подигна сигурноста на железничкиот сообраќај, се вели во соопштението и се истакнува дека во изминатиот период се почнати градежни работи за рехабилитација на постоечката железничка инфраструктурата на Коридорот 10.
Како најголема заслуга на Асани во првиот мандат како директор на ЈП МЖ Инфраструктура, во соопштението е наведено, надминувањето на проблемите со 40 критични места тн „црни точки” каде поради проблеми со пругата возовите мораа да возат со намалена брзина дури и со 30 километри на час.
- Предизвик за директорот Асани во наредниот четири годишен мандат останува и ќе биде железничкото поврзување кон Албаниаја, поврзување без кое од друга страна Коридорот 8 не би бил целосен. Со железникото поврзување на трите земји би се остварило стрстратешко поврзување на пристаништата од Црно море и Јадранско море. Токму за таа цел преку ИПА компонентата веќе се финансира изработка на главниот изведбен проект за делницата Кичево-Лин кој го изработува конзорциумот кои го сочинуваат шпанската фирма „Типса“ и француската „Луи Берже“, се вели во соопштението од ЈП МЖ Инфраструктура.
Се истакнува и дека активно се учествува во разговори за финансирање на оваа делница како и за преостанатата делница од пругата кон Бугарија. Нашите очекувања се дека најдоцна во 2022 година да имаме воз на релација Софија-Скопје- Тирана, наведуваат од ЈП МЖ Инфратсруктура.
Ново на Сител
-

Хрватска ги задржа шансите за полуфинале со триумф над Швајцарија
-

Превозниците ќе ги блокираат граничните премини, бараат решение за престојот во шенген-зоната
-

Облачно со повремени врнежи од дожд
-

Зеленски: Американскиот документ за безбедносни гаранции за Украина е подготвен
-

СВР Битола поднесе кривична пријава за измама со лажна сообраќајна несреќа
-

Повеќе од 700.000 домови без струја поради снежно невреме во САД
-

Mалолетник со возило удрил во друго возило и пешак кој се бори за живот
-

ССМ со протест бара зголемување на работничките плати од најмалку 6.000 денари и минималец од 600 евра
