Ирена Јовева: Се надевам дека на следниот Мешовит комитет, Северна Македонија ќе ги има почнато преговорите
Претставниците на двете делегации – учесници на Мешовитиот парламентарен комитет ЕУ-Република Северна Македонија, се задоволни од сработеното и од донесените препораки што ќе бидат испратени до надлежните институции во земјата и ЕУ, јавува дописникот на МИА.
Пратеничката Соња Мираковска, која е копретседател на Мешовитиот парламентарен комитет, е задоволна од дебатата и верува дека препораките ќе бидат брзо спроведени.
– Имавме навистина еден конструктивен дијалог врз основа на кој ги донесовме препораките кои се одлични за нас. Се чувствуваше пријателството на колегите од ЕП и нивната желба колку што е можно поскоро да ги почнеме преговорите и тоа е одразено во препораките. Веруваме дека овие препораки упатени до институциите на ЕУ и до Република Северна Македонија ќе бидат брзо спроведени, изјави Мираковска.
Словенечката европратеничка Ирена Јовева, која е заменик претседател на Делегацијата на ЕП за односи со Република Северна Македонија и која има македонско потекло, ги поздрави членовите на собраниската делегација на македонски јазик, кој беше и еден од официјалните јазици на Мешовитиот комитет со посебна кабина на толкувачи, заедно со останатите официјални јазици на земјите членки на ЕУ.
Идниот Мешовит комитет треба да се одржи во Северна Македонија.
Ново на Сител
-
22 македонски државјани побарале помош за напуштање на територија на Израел
-
Алиу: Ќе ги дисперзираме услугите за онколошките пациенти онаму каде што има услови
-
Пронајден череп и коски слични на човечки во штипско
-
Пробиштип: Товарно возило удрило во 68-годишна жена
-
Таксист измамил Швајцарец во Скопје за 7.800 денари
-
Двајца косовски државјани тешко повредени во сообраќајка
-
Зеленски: Следната недела нова размена на затвореници со Русија
-
Израелскиот воздушен простор останува затворен за цивилниот сообраќај