Иранските власти ја ослободиле студентката која се соблече на универзитетот во знак на протест
Иранката која на почетокот на ноември се соблече во долна облека на ирански универзитет нема да биде обвинета, објавија иранските власти.
Портпаролот на иранското правосудство изјави дека девојчето било згрижено во болница и вратено кај семејството.
Нејзиното притворање наиде на меѓународна осуда, а Амнести интернешнал побараа нејзино итно и безусловно ослободување.
„Со оглед на тоа што беше испратена во болница и беше откриено дека е болна, таа беше предадена на нејзиното семејство и против неа не беше покрената правна постапка“, рече портпаролот на судството Асгар Јахангир, пренесе Би-Би-Си.
Студентската организација објави видео од апсењето, истакнувајќи дека Ахо Дарјаи се скарала со безбедносните агенти затоа што не носела шамија и дека за време на расправаијата се соблекла во долна облека.
Иранските власти многу брзо објавија дека Дарјаи е „болна“ и дека била однесена во психијатриско одделение.
Ова не е првпат иранските власти да прогласат жена која протестирала против законот за задолжително носење хиџаб за ментално болна.
Една жена која побегна од Иран во Канада во 2018 година рече дека нејзиното семејство било под притисок од иранскиот режим да ја прогласи за ментално болна.
По Исламската револуција во 1979 година, за жените во Иран стана задолжително покривање на косата и скромно облекување.
Пред две години, Курдката Махса Амини почина во полициски притвор откако беше приведена затоа што „правилно не носеше хиџаб“.
Се смета дека повеќе од 500 луѓе биле убиени за време на неколкумесечните национални протести во земјата што избувнаа по нејзината смрт.
Ново на Сител
-
Галевски: Овој тим на Алкалоид е составен да победува, нашите амбиции се највисоки
-
Канадски министер: Трамп и Карни ќе разговараат наредните денови за царините
-
Утре терестрично прскање против комарци на подрачјето на градот Скопје
-
Зеленски: Разговаравме за подготовки за нов состанок со Русија во Истанбул
-
Македонка повредена во сообраќајка на Алјаска откако со автомобил удриле во лос
-
ЦУК: Во пожарот кај тетовско Желино ангажирани два „ер трактори“
-
Две лица во Струга предизвикале пожар на градската депонија
-
Починат 55-годишен скопјанец однесен во ГОБ „8 Септември“, телото на обдукција