Иранскиот претседател го осуди хаосот што се шири со протестите низ земјата

Иранскиот претседател, Ебрахим Раиси, како неприфатлив го оцени хаосот што го шират протестите што ја зафатија земјата по смртта на младата Иранка Махса Амини, која беше уапсена од полицијата за неморал.
Од средината на септември во задушувањето на протестното движење низ Иран загинаа десетици лица, а постапката на иранските власти досега е осудена од многу земји во светот. Раиси во интервју за државната телевизија истакна дека во овој случај за власта е важна транспарентноста и дека наскоро ќе го објави конечниот извештај за причината за смртта на младата жена, пренесе Хина. Тој, меѓутоа, во интервјуто подвлече дека треба да се разликува „протест“ од „бунт“ и дека „со оние кои учествувале во бунтот треба да се постапи решително“.
-Безбедноста на луѓето е црвената линија (…) и никој не може да го прекрши законот и да внесува хаос, што е неприфатливо, посочи Раиси. „Непријателот цели врз националното единство и сака да ги поттикне луѓето едни против други“, додаде тој, обвинувајќи ги САД, „заколнатиот непријател“ на Исламската Република, дека ги поттикнуваат протестите.
Во многу ирански градови од 16 септември се одржуваат ноќни протести, денот кога во болница почина Махса Амини, а која три дена претходно беше уапсена од полицијата за неморал во Техеран поради непочитување на строгиот ирански кодекс на облекување. Ова се најголемите протести во Иран од ноември 2019 година, што тогаш беа поттикнати од поскапувањето на горивата, а беа задушени со сила.
Ново на Сител
-

ЦУК: До 18 часот 28 пожари на отворен простор, од кои 11 се активни
-

Осма жртва од западнонилска треска
-

Лавров: Обвинувањата за инцидентот во Лајпциг се „почеток на вистинска војна“
-

Виткоф и Кушнер пристигнаа во Киев на разговори за прекин на војната
-

19-годишна девојка го пријавила поранешниот партнер, ја нападнал во нејзиниот дом и ѝ одзел пари
-

70-годишник измамен за 720.000 денари, маж му барал пари за наводно лекување на својот син во странство
-

69-годишен пешак тешко повреден откако во него удрил автомобил во Струмица
-

Кумановка пријавила дека била нападната од синот и снаата
