Иранската терористичка ќелија во Албанија централна политичка тема во медиумите
Веста за откривањето на иранската терористичка ќелија која планирала напад на 22 март 2018 година, на празникот на Бектешката верска заедница, Султан Невруз, во албанските медиуми не губи од актуелност.
Според албанските власти, одлуката за прогласување на иранските дипломати како непожелни, била донесена „во консултација со сојузничките земји, поради нивната активност во Албанија, во спротивност со нивниот дипломатски статус
-Иранскиот амбасадор во Тирана, Мохамадниа , беше обвинет од муџахедините во нашата земја дека е агент на иранските тајни служби. Во меѓувреме, одлуката на премиерот Еди Рама да го протера иранскиот дипломат од Албанија ја поздравија и високи американски официјални лица, како што се претседателот Доналд Трамп и државниот секретар Мајк Помпео,наведуваат медумите.
„Албанската влада покажа вистинско лидерство во нашите заеднички напори да испратиме јасна порака до Иран дека изведувањето терористички операции во Европа, или на кое било друго место, е неприфатливо и нема да се толерира. Стоиме рамо до рамо со Албанија, нашиот НАТО-сојузник и стратегиски партнер“, пишува во писмото од Трамп.
На одлуката на албанските власти реагирал портпаролот на иранското Министерство за надворешн работи, Бахрам Хашеми кој изјавил дека „Албанија стана жртва на САД, Израел и некои терористички групи”.
-САД и Израел работат на уништување на односите меѓу Иран и европските земји. Албанија не треба да им дозволи на другите да ги диктираат нејзините односи со Техеран, посочи Хашеми.
Поглаварот на Бектешката заедница, баба Монди вчера изјави дека терористите, кои се претставиле како новинари биле уапсени на влезот на седиштето на Бектешката заедница.Тој исто така добивал закани поради тоа што во седиштето на Бектешката заедница често престојувале членовите на МЕК (муџахедини кои се сместени во Тирана). На тоа тој вели дека тоа е господов дом, отворен за сите.
Опозициската Демократска партија упати критика за доцнењето со објавување на веста и оценува дека „е обид на премерот Еди Рама да го отргне вниманието од неуспехот со неотворањето на преговорите со ЕУ. Партискиот потпретседател,Еди Палока иронизираше со забелешката дека „утре може да ни кажат дека виделе НЛО во Кукс“.
Генаралниот директор на полицијата, Арди Велиу, на прес конференцја ги објави имињата на иранските терористи,чија мета била Албанија и дека „главата“ на ова ќелија е оперативецот на Силите КУДС, познат како „Пејман“
Пејман,за кого не се наведуваат друг податоци бил постојан жител на Иран и од „дистанца менаџирал бројка на оперативци во Албанија и во други земји на Централна и Западна Европа“.
Еден од оперативците е Ерван Арам (45), познат како Алиреза Нагхашзадех, испратен во Албанија за прибирање информации, додека другиот оперативец е Абдолхалегх Малек Задех (40), познат како Ферхат, кој раководел со оперативната ќелија, изјави Велиу.
Водачот на ќелијата работел во последните две години со босот на турската мафија, Абдулселам Тургут (52), позната фигура на организираниот криминал и на планирање на терористички напади.
Деновиве, пак, под наслов „Што се случува во кампот на муџахедините во Тирана“ тиранската телевизија Топ чанел, пренесе изјава на амбасадорот на Иран во Лондон, Хамид Бајединеџад кој тврди дека муџахедните користат „суперкомпјутери за ширење лажни вести против Исламската Република Иран“.
-Членовите на МКО од кампот Ашраф, Албанија, користат нов вид оружје против Иран. Нивното оружје вклучува суперкомпјутери со кои тие се обидуваат да шират лаги и лажни вести за да го трујат јавното мислење,обвинува Бајединеџад.
Тој објавил и фотографија за која тврди дека е направена во кампот на муџахедините во Тирана.
Најмалку 3.000 муџахедини се засолнети во Албанија како резултат на договорот на албанската влада со САД. За нив изграден е,како што се нарекува, град на муџахедните, кои Исламската Република Иран ги сметаат за терористичка група.
Ново на Сител
-
Божиќна честитка на Скопскиот бискуп и Струмичко-скопски епарх Киро Стојанов
-
Кривична пријава против ракометар на Загреб за физички напад врз соиграч
-
Католиците и дел од православните го слават Раѓањето Христово – Божик
-
Експлозија во трговски центар во Русија | ВИДЕО
-
Годишно обраќање на претседателката Сиљановска Давкова во Собранието
-
Во Собранието ќе заседаваат пет комисии
-
Папата Франциск ја предводеше мисата на Бадник во Ватикан пред илјадници верници
-
Израелската истрага заклучи дека присуството на израелски војници најверојатно довело до убиство на шест заложници во Газа