Иран: Третата рунда американско-ирански преговори ќе се одржи задутре во Мускат
Третата рунда преговори меѓу Иран и САД за нуклеарната програма на Техеран ќе се одржи задутре во главниот град на Оман, Мускат, со учество на посредници, соопшти синоќа иранскиот заменик - министер за надворешни работи Казем Гариб Абади.
„Нема да преговараме за правото на Иран да збогатува ураниум и за тоа дека збогатувањето ураниум е една од нашите црвени линии. Иран не се стреми кон нуклеарно оружје, а збогатувањето ураниум во нашата земја се врши за мирољубиви цели. Експертските и техничките состаноци ќе се одржат индиректно во Мускат во среда оваа недела. Значи, ние во моментов ги дефинираме општите принципи на преговорите“, рече Абади.
Тој додаде дека на претходната рунда преговори со САД било постигнато взаемно разбирање за општите одредби од договорот за иранската нуклеарна програма.
Ново на Сител
-
Муцунски во посета на Казахстан: Во фокусот економската и политичката соработка
-
Скопјанец приведен за семејно насилство
-
70-годишен велосипедист од Охрид тешко повреден во сообраќајка
-
43-годишник почина по каснување од пчели во гостиварско
-
Пропадна уште еден обид за конституирање на Собранието на Косово
-
Покрај Крмзов обезбедени уште две лица - Обвинителството за утре најави брифинг за случајот
-
Околу 60 демонстранти приведени во Сан Франциско
-
Фон дер Лајен: Ако не ги заштитиме океаните ја ризикуваме нашата иднина