-->
-->
Иран подготвен да изнесе докази за трговијата со нафта меѓу Турција и ИД
-->
Иран има докази за незаконската трговија со нафта меѓу Турција и Исламската држава и подготвен е на Анкара и јавноста да ги изнесе информациите за тоа, изјави ирански функционер, пренесува „Раша тудеј“.
- Ако Владата на Турција не е информирана за трговијата со нафта на Даеш во таа земја, ние сме подготвени да им ставиме нашите информации на располагање, изјави секретарот на Советодавниот совет на врховниот водач на Иран Мохсен Резаи.
- Иран, прецизираше Резаи, поседува фотогравски и видео докази дека нафтата на ИД влегува во Турција во камиони и подготвени сме тие информации да ги објавиме. Резаи, воедно, ги повика сите земји кои се борат против ИД да се концентрираат на искоренување на тероризмот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Teма на денот со Благојче Атанасовски, политиколог
-
Портокалов аларм за снежна бура во Македонија
-
Пратениците ѝ изгласаа недоверба на Илире Даути, но таа останува на функцијата
-
Газдите бараат работници, на доктори им се нуди минималец
-
Oткупот на тутун скоро при крај
-
Амбулантите се полнат, пикот на грипот се очекува кон крајот на месецот
-
За Водици се очекуваат голем број посетители
-
Снежен бран ја очекува Македонија