Иран одбива инспекција на воените објекти
Иран денеска го отфрли барањето на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) американски инспектори да ги посетат воените објекти.
- Иранските нуклеарни објекти не се предмет на договор. Целта информација за нив е доверлива. Иран никогаш нема да дозволи такви посети. Не обрнувајте внимание на таквите барања, кои се едноставно фантазија, истакна иранскиот владин портпарол Мохамад Бакер Нобахт.
Одбивањето на Техеран се случува во момент кога Вашингтон го разгледува нуклеарниот договор постигнат во 2015 година меѓу Иран и шесте светски сили.
Во април американскиот претседател Доналд Трамп нареди да се провери дали укинувањето на санкциите кон Иран, што се предвидени со договорот, се во интерес на САД.
Постојаната претставничка на САД во Обединети нации, Ники Хејли минатата недела инсистираше МААЕ да побара пристап до иранските воени бази, со цел да се утврди дека во нив нема тајни активности, кои се забранети со нуклеарниот договор.
Во согласност со нуклеарниот договор МААЕ може да побара да изврши инспекции на иранските воени објекти.
Ново на Сител
-
Во тек е кампањата „Носи кацига“
-
Две тела пронајдени во запален стан во Нови Сад
-
Царинска управа: Спречено криумчарење на два тона месо штетно за здравјето на граѓаните
-
Воз удрил во автомобил во Драчево
-
Драматично спасување на заробен човек во длабока тиња и кал во реката Пчиња
-
Орбан неочекувано ја посети Кина
-
Детали од вчерашната сообраќајка во Охрид - Загина 23 годишен мотоциклист
-
Водата во Скопје безбедна за пиење