-->
-->
Иран: Не прифаќаме нов договор за нуклеарната програма
-->

Иран не ја прифаќа можноста за преговори за нов нуклеарен договор со големите светски сили, изјави иранскиот министер за надворешни работи, Џавад Зариф.
Зариф на Твитер напиша дека европските партнери не ги исполниле своите обврски од нуклеарниот договор со Иран, потпишан во 2015 година и дека е неприфатливо за Техеран да преговара.
Лидерите на Германија, Велика Британија и Франција го повикаа Иран да започне преговори за нов договор за својата нуклеарна програма, со цел да се надмине ќорсокакот во спроведувањето на договорот од 2015 година, од кој САД се повлекоа.
Германската канцеларка Ангела Меркел, францускиот претседател Емануел Макрон и британскиот премиер Борис Џонсон, кои присуствуваат на Генералното собрание на ОН во Њујорк, сепак, и понатаму се уште го поддржуваат договорот со Иран од 2015 година.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Мицкоски: Опозицијата точно знаела која е Давор Мацура
-

Тема на денот со Христијан Мицкоски, премиер
-

Преглед на вестите од светот
-

Надзорна расправа во Собранието за Алта банка: Опозицијата бара одговори од власта
-

Мицкоски и Филипче со спротивставени толкувања за Алта банка
-

НБРМ поднесе кривични против функционери на СДСМ за Алта банка
-

Македонска организација се најде на египетска терористичка листа на организации
-

Четири тинејџерки одат во воспитно-поправен дом за бруталното насилство врз 13-годишното девојче од Ѓорче Петров
