Иран купува 80 авиони Боинг за 16,6 милијарди долари
Најголемиот ирански авиопревозник Иран ер (Iran Air) соопшти дека денеска се договорил да купи 80 авиони од американската компанија Боинг, во најголемата зделка меѓу САД и Иран по исламската револуција од 1979 година, објави ИРНА.
Авионите - 50 од моделот 737 и 30 од моделот 777 - ќе бидат доставени во идната деценија, прецизира директорот на авиокомпанијата Фархад Парвареш.
Трансакцијата е одобрена од американската влада. На церемонијата на потпишување во Техеран беше регионалниот директор на Боинг Флечер Баркдел.
Во јуни Боинг објави дека склучил прелиминарен договор да продаде 100 авиони на Иран ер.
Потоа во септември Вашингтон даде дозвола на американскиот произведувач на авиони и на неговиот европскиот конкурент Ербас да продаваат авиони за милијарди долари на Иран.
Ново на Сител
-
Германски генерал: Украина оштети 10 отсто од руските стратешки бомбардери
-
„Куќи на ужасот“ – евакуирани 75 стари лица од нелегални домови во Бугарија
-
Македонија загуби од Финска на отворањето на Златната лига 2025
-
Путин потпиша закон со кој се казнува продажба на енергетски пијалоци на деца
-
Тешка несреќа на патот Скопје-Тетово загина 19-годишна девојка и 3 лица се повредени
-
На српските навивачи нема да им биде дозволено да присуствуваат на натпреварот со Албанија
-
Приведени три лица во Тетово и Гостивар затоа што управувале возила под дејство на алкохол
-
Најтежок руски напад врз градот од почетокот на војната