Иран: Ќе се вратиме на состојбата пред потпишување на договорот, доколку ЕУ не ги исполни обврските

Портпаролот на иранската нуклеарна агенција Бехруз Камалванди рече дека денеска Иран ќе се врати на состојбата пред потпишување на договорот со големите сили, доколку европските земји не ги исполнат обврските.
Иран бара од ЕУ да најде начин да се ублажат санкциите од САД и да се реализира ветената економска помош.
Во 2015, САД, Иран, Кина, Русија и трите големи ЕУ членки, Франција, Британија и Германија потпишаа акциски план кој предвидува, меѓу другото, нуклеарно разоружување на Техеран, во замена за постепено укинување на санкциите врз земјата. Но, администрацијата на Доналд Трамп минатата година одлучи да се повлече од оваа спогодба и повторно да воведе рестриктивни мерки врз Иранците.
Иранските власти оттогаш не ги почитуваат целосно одредбите од спогодбата и повторно почнаа да ги зголемуваат резервите на збогатен ураниум над дозволеното.
Министрите за надворешни работи на ЕУ денеска ќе се обидат да изнајдат решение за спас на овој договор и за да се спречи Иран да продолжи да го прекршува.
Ново на Сител
-

Николоски: Лидерската средба е доброволен чин, ако СДСМ сака сама да се изолира, не можеме ништо да сториме
-

МФ: Успешно реализирано издавањето на 10. Еврообврзница - силна доверба од меѓународните инвеститори
-

Ѓорѓиевски: Почна површинското чистење на депонијата Вардариште, следува процес на одгасување
-

Различни бројки за загинати во Иран
-

Сите гранични премини на Србија кон Шенген ќе бидат блокирани на 26 јануари, превозниците бараат ревизија на EES
-

Средба Муцунски - Ѓорѓиевски: Унапредување на соработката на домашните компании со ДКП
-

Лазаров: Сакаме да одиме во втората рунда, сите го сакаат тоа
-

Украинскиот парламент не ги одобри министрите за одбрана и за енергетика
