-->
-->
Иран и САД постигнаа договор за спор стар 35 години
-->

САД и Иран денеска го решија долгогодишниот спор во специјалниот трибунал во Хаг, така што Техеран добива замрзнати од 1981 година средства во вредност од 400 милиони долари плус 1,3 милијарди долари камата, соопшти американскиот Стејт департмент.
Тоа е еден од најважните договори постигнати во последните 35 години во трибуналот во Хаг. Како резултат на конструктивните билатерални преговори успеавме чесно да го затвориме овој случај, изјави американскиот државен секретар Џон Кери, пренесува ТАСС.
Средствата се дел од целен фонд, користен од Иран да купува воена опрема од САД, што остана неискористен со децении поради спор во специјалниот трибунал за уредување на побарувањата меѓу Иран и САД во Хаг.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

СДСМ: Контроверзен конзул во Србија
-

Денеска се чествува Св. Ѓорѓи Кратовски, симбол на пожртвуваноста за христијанството
-

Два големи јубилеја во Прилеп - 100 години „Прилепски мечкари“ и 25 години Карневал Прочка
-

Карневалски спектакл во Струмица
-

Марш во чест на Борис Трајковски
-

Со видео надзор ќе се решава проблемот со дивите депонии
-

Мостовите во Штип стари повеќе од пет децении пред реконструкција
-

Преглед на вестите од светот
