Иран е подготвен да ги продолжи нуклеарните преговори, со добра волја од Западот

Шефот на иранската дипломатија, Абас Аракчи, ја информираше високата претставничка на ЕУ за надворешни работи и безбедност, Каја Калас, за подготвеноста на Техеран да ги продолжи преговорите за нуклеарната програма, под услов Западот да покаже добра волја.
По повод објавата на „европската тројка“ (Франција, Германија и Велика Британија) за активирањето на „механизмот за брза реакција“ и обновувањето на санкциите против Иран, Аракчи „ја повтори подготвеноста на Иран да продолжи со фер и избалансирани дипломатски преговори, под услов другите страни да покажат сериозност и добра волја и да избегнат дејствија што ги поткопуваат шансите за успех“, објави агенцијата Тасним.
„Ја повикуваме Европската Унија да се откаже од селективните толкувања и да се фокусира на олеснување на вистинската дипломатија со цел да се одржи мултилатерализмот“, се наведува во писмото упатено до шефицата на европската дипломатија.
Аракчи потсети дека земјите од ЕУ немаат законско овластување да го лансираат механизмот и предупреди дека Техеран ќе преземе мерки како одговор на оваа одлука.
Претставниците на Франција, Германија и Велика Британија вчера испратија писмо до членовите на Советот за безбедност на ОН, во кое го информираат за активирање на „механизам за брза реакција“ (snapback) што овозможува обновување на санкциите против Иран, суспендирани според Заедничкиот сеопфатен план за акција (JCPOA) од 2015 година.
Трите земји, истовремено, изразија подготвеност да преговараат со Иран за нуклеарен договор во следните 30 дена пред санкциите да стапат во сила.
Доколку не се постигне договор во рок од 30 дена, сите претходни санкции на ОН ќе бидат вратени, вклучително и ембарго за оружје врз Иран, инспекции на товар и ограничувања на неговата ракетна програма.
МИА
Ново на Сител
-

Зеленски: Не сум запознаен со „енергетското примирје“, но Украина е подготвена да го прифати
-

Охриѓанец го загубил животот откако неговото кану се превртело во Охридското Езеро
-

Двајца странски државјани безбедно извлечени од Пирибег
-

Армијата презентираше дел од современата воена опрема и вооружување во Куманово
-

Шест полицајци ќе бидат суспензирани за случајот со претепаните момчиња
-

Уапсен Босанец, кај Катланово возел 164 км/ч на место каде што дозволено е 80
-

Осомничените се обиделе да прегазат полицајци и одзеле пиштол, синдикатот реагира на политизација на случајот
-

Мицкоски: Македонија е поголема од секоја политичка генерација, целта е посилна татковина
