Свет
26. January 2022 - 8:58

Иран: Договор со САД само ако се укинат санкциите

Иранскиот претседател Ебрахим Раиси вчера изјави дека постигнувањето договор со САД за нуклеарениот договор со светските сили е можно доколку се укинат санкциите против Техеран.

– Доколку страните се подготвени да ги укинат деспотските санкции, сосема е можно да се постигне некаков договор, рече тој за Иранската телевизија.

Еден ден претходно, иранскиот министер за надворешни работи Хосеин Абдолахиан ја изрази подготвеноста на Техеран да почне директни разговори со Вашингтон за иранската нуклеарна програма.

Иран и светските сили (Британија, Германија, Кина, Русија и Франција) започнаа уште една рунда преговори во Виена за заживување на нуклеарниот договор од 2015 година. САД не се директно вклучени.