Ирачките демонстранти ги блокираа патиштата во Багдад, барајќи оставка од Владата

Ирачките демонстранти денеска ги блокираа патиштата во Багдад за да го зголемат притисокот врз Владата да поднесе оставка.
Тие ги блокираа патиштата со запалени гуми и бодликава жица, а носеа транспарент на кој пишуваше „Патиштата се затворени по наредба на народот“.
Десетици илјади демонстранти последниве денови се собираа на централниот плоштад Тахрир во Багдад и низ јужниот дел на Ирак, барајќи од Владата да си даде оставка.
Тие, исто така, бараат преуредување на политичкиот систем воспоставен по инвазијата предводена од САД во 2003 година.
Илјадници студенти не присуствуваа на часови и предавања за да учествуваат во протестите.
Најмалку 250 луѓе загинаа во судирите со полицијата во протестите што започнаа на 1 октомври поради корупција, невработеност и немање основни услуги.
Со денови, безбедносните сили користеа вистинска муниција за да ги потиснат насилните демонстранти.
Ново на Сител
-

„Бела ноќ 2026“ во Скопје - концерти, изложби, перформанси, настапи на диџеи и програма за најмладите
-

Во рускиот источен регион Иркутск млада жена почина од куга
-

Северна Кореја истрела балистичка ракета кон Јапонското Море
-

31 година од атентатот врз Киро Глигоров - сè уште без одговор кој стоел зад нападот
-

Сончево со мала до умерена облачност и студено утро
-

Г7 пушта до 100 милиони барели нафта и дизел од резервите за да ги намали цените
-

Од декември построги услови за кредит
-

Македонците со минимална плата можат да купат 19% повеќе храна од пред пет години
