Ирачкиот претседател се закани со оставка заради номинацијата на Ал-Еидани за премиер

Ирачкиот претседател Бахрам Салих не дозволи именување за мандатар за премиер да биде лице кое е номинирано од парламентарниот блок што ја има поддршката од Иран, изјавувајќи дека попрво ќе даде оставка отколку да именува некого на таа позиција, кого ќе го отфрлат демонстрантите.
Блокот Бинаа, најголемата парламентарна група во ирачкиот Парламент, го номинираше гувернерот на покраината Басра, Асад Ал-Еидани за нов шеф на ирачката Влада, Но, Салих во соопштение објави дека именувањето на ал-Еидани нема да ги исполни, пред се заради демонстрантите кои бараат независен премиер, кој не е партиски човек. Бидејќи Уставот не му давал право да одбие мандатар за премиер тој истакна дека е подготвен на оставка пред парламентот.
-Со желба да ја смирам крвта и да одржам мир, со сета почит кон Асад Ал-Еидани, одбивам да го номинирам. Затоа сум подготвен да дадам оставка на местото претседател пред пратениците во парламентот, па тие нека одлучат како претставници на народот, истакна ирачкиот претседател.
Ирачкиот Устав предвидува најголемиот блок пратеници во парламентот да го номинира премиерот кого потоа треба да го потврди претседателот. Рокот за поставување нов шеф на владата веќе е двапати пропуштен заради несогласувањата за тоа кој е нејголемиот блок во парламентот по минатогодишните избори.
Ал-Еидани веднаш беше одбиен од ирачките демонстранти бидејќи тие бараат независен кандидат. Во неговата провинција, Басра, се наоѓаат околу 70 отсто од ирачките нафтени резерви и беше центар на антивладините демонстрации во изминатите години.
Од 1 октомври Ирак го потресуваат демонстрации, а учесниците (повеќето млади луѓе) бараат комплетна промена на политичкиот систем за кој наведуваат дека е корумпиран во корен и е виновен што повеќето Ирачани се сиромашни.
Во текот на демонстрациите беа убинеи 450 лица.
Ново на Сител
-

Претставници од иницијативата „Стоп за Усје“ на средба со министерот Мухамед Хоџа
-

Тема на денот со Билјана Ивановска, граѓанска иницијатива ,,Шанса за Центар"
-

Ослободителна пресуда за екс премиерот Никола Груевски за случајот со изградбата на седиштето на ВМРО-ДПМНЕ
-

Условна казна затвор од една година доби екс претседателката на ДКСК, Татјана Димитровска
-

ДНК на судијата Ристов пронајдена на фолијата со 350 илајди евра
-

Партиите без компромис, Изборниот законик останува заглавен
-

Регионализација и дигитализација во здравството приритет и за Клековски - новите министри ги презедоа функциите
-

Долгови, неисправни камиони и спорни исплати: Што откри државната ревизија во „Комунална хигиена“
