Ирачки воен авион се урна во регион под контрола на Исламска држава
Портпарол на ирачката армија денеска изјави дека ирачки разузнавачки авион вчера се урнал за време на мисија над регион во северен Ирак, контролиран од Исламска држава, пренесоа американските медиуми.
Портпаролот на Обединетата команда на ирачките вооружени сили, бригадниот генерал Јахија Расул, прецизира дека леталото, едномоторен турбо авион „Цесна-208 Караван“, се урнал вчера додека го прелетувал воздушниот простор над градот Хавиџа, на 210 километри северно од Багдад.
Расул дополни дека е во тек истрага која ќе треба да ги утврди причините за несреќата, како и судбината на екипажот.
Агенцијата Амак, која се поврзува Исламска држава, тврди дека групата го соборила авионот и денеска објави видео снимка на која авионот паѓа кон земја, а околу неговите остатоци се собираат нејзини борци.
Американските меидуми забележуваат дека засега не може да се потврди автентичноста на снимката од независен извор.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Горан Илијевски - Партија на Македонците во Србија
-
Атентат врз словачкиот премиер
-
Флекс кредит и СОС Детско Село заедно за Денот на семејството
-
Предизборниот и постизборниот период продуцира економска криза, сметаат економистите
-
Со нож и се заканија на претседателката на Уставен Кацарска
-
Запален службениот автомобил на директорот на Идризово- оштетена и блиската зграда
-
Уставен го одби барањето на судиите да го врати коефициентот за повисоки плати
-
Европскиот фронт најави тужби до Управниот суд и кривични пријави за членовите на ДИК