Инзаги: Интер е паднат во психолошка дупка
Тренерот на Интер, Симоне Инзаги проговори за серијата на неговиот тим од 403 минути без постигнат гол.
Интер синоќа одигра 0:0 со Милан во првиот меч од полуфиналето од Купот на Италија.
– Знам дека кога нема да постигнете гол на четири натпревари по ред, тоа станува бомбастичен наслов. Работиме на подобрување на нашата ефикасност. Имаме талентирани напаѓачи, тие се уште ја достигнуваат оптималната форма. Толку интензивно настапувавме во ноември, декември и јануари што неминовно паднавме во психолошка дупка. Сè уште ги лечиме раните по загубеното (1:2) дерби со Милан во Серија А пред неполн месец, иако до 75. Минута на тој натпревар сЕ изгледаше поинаку, изјави Инзаги.
Шанса да стави крај на „црната“ серија без погодоци, Интер ќе има веќе в петок за кога е закажан мечот со Салернитана од 28. коло во Серија А.
Ново на Сител
-
Бајден: Ја напуштив функцијата, но не и битката
-
Пет впечатливи моменти од церемонијата на инаугурацијата на Трамп
-
Криптовалутата на Трамп достигна пазарна вредност од 10 милијарди долари
-
Томовски: Потребно е да се набави нов државен авион, па и половен
-
24-годишник починат во када
-
Трамп ја врати Куба на листата на земји спонзори на тероризам
-
Пациенти на Онкологија останаа без биолошка терапија
-
Слот: Прерано е да се каже дека Ливерпул е најдобриот тим во светот