Свет
12. January 2019 - 15:37

Инвазија на скакулци во Мека

Најсветото место на муслиманите, Мека, го погоди инвазија од црни скакулци.

Иназијата почна кон почетокот на неделата, а властите во Саудиска Арабија ангажираа 22 тимови од вкупно 138 лица да се „борат против инсектите“, наведе „Њузвик“.

Тимовите се фокусирани на гнездата и местата каде се собираат црните скакулци, околу водата и водоводните цевки.

Иако црните скакулци се големи штеточинци не пренесуваат зарази.

Од Универзитетот „Крал Сауд“ посочија дека во Мека моментално има околу 30.000 скакулци, предупредувајќи дека можно е да се има уште една инвазија со илјадници инсекти.