Интерпелацијата на собранискиот спикер денеска на пленарна седница
Интерпелацијата на претседателот на Собранието Африм Гаши треба да биде разгледана на денешната прва пленарна седница по одморот на пратениците. Интерпелацијата е поднесена од пратеничката група на Левица, а според најавите, поддршка ќе даде опозициската СДСМ, додека ВМРО-ДПМНЕ и коалициониот партнер „Вреди“ нема да дадат поддршка.
Претседателот на Собранието на брифингот со новинарите на 27 август рече дека интерпелацијата ќе биде прва точка на дневен ред на седницата закажана за денеска. Интерпелацијата, како што тогаш изјави, не е политички издржана. Се надева дека на седницата ќе има соочување на аргументи и, како што рече, како ќе одлучи пленумот, така ќе постапи.
Во изјава за телевизија „Сител“ дадена вчера Гаши рече дека би сакал секој пратеник да гласа и да одлучи по свое сопствено убедување.
- Интерпелацијата е демократска алатка што ни овозможува да даваме отчет пред пратениците и пред граѓаните. Ќе ја почитувам секоја одлука што ќе ја донесе Собранието. Убаво е сите да имаме различни мислења и токму тоа е суштината на демократијата, а би било лошо да има едноумие, систем што го поминале. Среќен сум што има интерпелација за да објасниме некои работи што и беа претставени на јавноста. Ќе образложам се како што било и се надевам дека пратениците ќе одлучат според нивната совест. Имам мирна душа и чиста совест дека со ништо не сум предизвикал таква хистерија во јавноста. Во интерпелацијата во суштина нема ништо дека се прекршени принципите во работењето на Собранието или дека се скратени права на некој пратеник или пратеничка група, туку е за тривијални теми за некои медиуми кои сакаат лајкови и коментари на социјалните мрежи, рече Гаши.
Не гледа дека со нешто ги прекршил овластувањата, посочувајќи дека чесно и одговорно ја врши својата работа како што знае. Убеден е, како што рече, дека вистината ќе излезе на виделина.
Ново на Сител
-
Сакала да му раскине, но добила закани од дечкото дека ќе сподели интимно видео
-
Кривична против 32 годишен охриѓанец, за сторено кривично дело измама
-
Уапсен 39 годишен кичевец, со 1,80 промили алкохол во крвта управувал со возило
-
Израелски авиони погодија зграда во предградие на Дамаск
-
Од следната недела пад на дневните температури за 7 до 10 степени
-
Шмихал: Украина доби околу 1,7 милијарди долари во рамките на иницијативата на Г7 ЕРА
-
Почина ортопедот д-р Глигор Џолев
-
МВР вчера изврши 52 претреси - пронајдено е оружје, дрога и пари | ФОТО