Интернационален Фестивал за спортови во природа во Демир Капија

Викендов во Демир Капија трет пат се одржува интернационален Фестивал за спортови во природа. Фестивалот го организираат општината Демир Капија, Фондација ЦЕНЕТ и Спортскиот клуб „Клисура“.
- Организаторите направија програма која на сите учесници, алпинисти, планинари, велосипедисти, спелеолози и извидници ќе им овозможи незаборавно уживање и дружење во преубавата природа во Демир Капија, информира општина Демир Капија.
На програмата беа планинарска прошетка до археолошкиот локалитет Просек, возење велосипед од Демир Капија преку селата Преждево и Бесвица и назад до Демир Капија, алпинизам и качување по карпите на Демиркаписката клисура.
Во салата на Домот на културата „Мирка Гинова“ се прикажа премиерата на руската бајка „Редот на нештата“, снимена минатата година во пределите на Демир Капија.
Според програмата, за денеска се предвидени повеќе активности-алпинизам и качување во кањонот на Демир Капија и алпинистички натпревар во техничко качување, планинарска прошетка до село Копришница и Копришничките водопади, планински велосипедизам – од Демир Капија до браната на река Дошница. По презентациите на спортски искуства и успеси, следи доделувањето на наградите за најдобрите и признанијата за учесниците.
Ново на Сител
-

Новогодишна елка ќе има, плоштадот ќе се украсува од понеделник
-

Вработените во министерството за економија и ДПИ не сметаат дека придонеле да се запали „Пулс”
-

Тема на денот со Трпе Стојановски, експерт за миграции
-

Судење за „Пулс“
-

Насилен упад во редакцијата на Инфомакс, напаѓачот е приведен, здруженија и партии бараат најстрога казна
-

Предлогот за разрешување на Коцевски пристигна во Собранието
-

Филипче повика на обединување против мигранти
-

За да земаат поголеми плати, судии бараат од Уставен да ги укине намалените коефициенти за пресметка
