Интернационален фестивал на монодрама „Битола 2016“
Со две нови монодрамски остварувања на актери од Ерменија и Македонија кои вечер ќе бидат иведени во битолскиот Центар за култура, продолжува Интернационалниот фестивал на монодрама.
Претпоследната фестивалска вечер ќе ја отвори Нора Бадалијан актерка од Државниот куклен театар од Ераван, Ерменија. Бадалијан ќе ја изведе монодрамата „Ни повеќе, ни помалку“ од Алдо Николај во режија на Хрипсиме Шахинијан.
Во конкуренција за награди е и актерот Трајче Јованов од Дом на млади од Штип кој ќе ја изведе монодрамата „Чекачот“ чиј автор и режисер е Трајче Кацаров. Инаку, надвор од конкуренција, само за публиката и гостите на фестивалот ќе биде изведена претставата „Жени од подземјето“ според Еврипид, Софокле и Есхил, во режија на Андреј Цветановски.
Осумнаесеттото издание на Интернационалниот фестивал на монодрама завршува утревечер со изведба на монодрамата „Се на масата“ на бугарскиот актер Васил Дуев, а фестивалската завеса ќе ја спуштат актерите од Театар Комедија од Скопје, кои во чест на наградените ќе ја изведат претставата „Случајот Хармс“ од Даниел Хармс во режија на Дино Мустафиќ.
Ново на Сител
-
Уапсена раководителка во железницата на Србија во врска со несреќата на Железничката станица во Нови Сад
-
Лавров: Русија ќе ги прекине непријателствата кога ќе го добие она што го сака во преговорите
-
За една недела санкционирани 149 непрописно паркирани возила во Општина Центар
-
Викендов 718 казни за брзо возење
-
ЕУ: Меѓународната заедница треба да се фокусира на постигнување сеопфатен, праведен и траен мир во Украина
-
Ја тепал па ја силувал во автомобилот на татко му, 37 годишен скопјанец осомничен за силување
-
Макрон му честиташе на Мерц: Порешителен од кога било за заедно да правиме големи работи
-
Анчелоти: Реал во одлична форма му пристапува на најважниот дел од сезоната