Интернационален џез-викенд во Прилеп

Четвртиот интернационален Џез-фестивал вечер почнува во Прилеп. Манифестацијата „Џез-викенд во Прилеп“ што ќе трае до 29 август на публиката ќе и понуди богата програма, а ќе настапат повеќе изведувачи од земјава и од странство.
На летната сцена од Домот на културата „Марко Цепенков“ манифестацијата ќе ја отвори македонскиот артист Емин Џијан со своето трио.
Снежана Ристеска, советник за култура во општина Прилеп информира дека локалната самоуправа е организатор на Џез-викендот.
- Прилепскиот Џез-викенд, кој е во организација на Одделението за култура при локалната самоуправа, ќе го презентира музичкото творештво од светски џез размери пред прилепската публика со основна идеја за поинаков урбан Прилеп и заложби за следење на вистинските вредности и културни содржини, рече Ристеска.
На Џез викендот ќе настапат Милан Петровиќ Квартет од Србија, триото на браќата Тавитјан, групата на Теодисиј Спасов од Бугарија, руската драмендбејз атракција „Салто“ и алтер составот на Дарко Рундек – „CUL DE SAC“.
Сите три џез вечери, кои почнуваат од 20 часот, ќе се случуваат на летната сцена од Центарот за култура „Марко Цепенков“. Влезот е бесплатен.
Ново на Сител
-

Приведени девет возачи, петмина управувале возило без положен возачки испит
-

Безживотно тело на 38-годишен маж со прострелна рана пронајдено кај Смилковци
-

Мицкоски: Даваме сè од себе да реализираме проект повеќе и да создадеме подобри услови за живот на граѓаните
-

Франција стравува од ескалација на протестите, 70.000 полицајци и жандарми распоредени на улиците
-

54-годишник од Куманово истурил две шишиња бензин во семејниот дом и се заканувал дека ќе ги запали ќерката и внуката
-

Медведев против Зверев во полуфиналето на завршниот АТП турнир
-

Кривична за две лица осомничени за кражба – Полицијата пронашла украден мебел, радијатори и бела техника
-

МВР: Приведени две лица во Струга, едниот управувал возило со претходно изречена забрана, додека кај сопатникот пронајдена е дрога
