Loading Video...
Фудбал
17. December 2018 - 15:37

Интересни двојки за првата нокаут рунда во Лига Европа

 
 
Ждрепката за првата нокаут рунда (1/16-финале) во Лига Европа донесе неколку интересни двојки. 
 
Најголемо внимание ќе привлечат дуелите на Лацио и Севилја, односно  Галатасарај и Бенфика.
 
Од екипите во чии редови настапуваат македонските репрезентативци. Спортинг Лисабон на Стефан Ристовски ќе игра против Виљареал. Елиф Елмас со Фенербахче за противник ќе го има рускиот Зенит, додека Аријан Адеми со Динамо Загреб за влез во осминафиналето ќе се бори со чешкиот тим Плзен.
 
 
Фаворитска улога ќе имаат, Интер во дуелот со Рапид Виена, Челси кој ќе игра против шведскиот Малме, Наполи кој за противник ќе го има Цирих и Арсенал во пресметка со Бате Борисов. 
 
Првите натпревари од 1/16-финалето во Лигата на Европа ќе се играат на 14.февруари, а реваншите се седум дена подоцна.
 
Комплетни двојки за 1/16-финале во Лига Европа 
 
Лацио – Севиља 
Галатасарај – Бенфика
Спортинг Лисабон – Вилјареал
Фенербахче – Зенит
Плзен – Динамо Загреб
Рапид Виена – Интер
Малме – Челси
Цирих – Наполи
Бате Борисов – Арсенал
Клуб Бриж – Салцбург
Славија Прага – Генк
Краснодар – Баер Леверкузен
Шахтјор Доњецк – Ајнтрахт 
Селтик – Валенсија
Рен – Бетис
Олимпијакос – Динамо Киев