Интер подобар од Наполи
Интер стигна до драматична 1:0 победа во дербито на божиќното коло во Серија А против Наполи, благодарение на нивниот млад аргентински напаѓач Лаутаро Мартинез кој постигна гол во 92. минута кога сите очекуваа крај на мечот.
„Нераѕурите“ ја искористија предноста од играч повеќе, откако Калиду Кулибали доби два жолти картони за две минути во финишот на натпреварот (80. и 82. минута), за победа со која се доближуваат до Наполи на второто место, а во исто време дозволуваат Јувентус (кој одигра 2:2 кај Аталанта) да ја зголеми предноста пред клубот од Неапол на 9 поени по половина шампионат.
По турканицата во финишот на мечот, Наполи доби уште еден црвен картон – Лоренцо Инсиње беше пратен во соблекувалната.
Јувентус сега има 50 поен на првото место, Наполи имаат 41, а Интер 36, додека Лацио е четврти со 31 поен.
Ново на Сител
-
Нова истрага за криминал во РЕК Битола
-
Љупчо Палевски преку Минск планирал да избега во Русија
-
Пандов - Затворски полицајци со валкани значки ќе бидат зад решетки
-
Следната недела ќе се носат мерки за намалување на цените
-
Традиционално закројување на лозје во винаријата Монтеко – Кратово
-
Валентајн: Празник на љубовта или потсетник на осаменоста?
-
СДСМ не дава поддршка за промена на државниот грб
-
Таравари: Етничките прашања можат да се решат во пакет со химната и државниот грб