Loading Video...
Фудбал
12. January 2022 - 14:12

Интер и Јувентус во пресметка за трофејот во италијанскиот Супер Куп

Вечерва во Милано ќе се игра и Супер купот на Италија. 
 
Во него за трофејот ќе се борат актуелниот шампион и лидер на првенствената табела во Серија А, екипата на Интер и минатогодишниот освојувач на Купот на Италија, составот на Јувентус. 
 
Шампионот Интер за кого ова е 10-то учество во Супер Купот, ќе атакува на шестиот трофеј. „Неро-азурите“ за последен пат го осоија трофејот во Супер купот пред 12 години (2010) кога ја победија Рома со 3-1. 
 
Јувентус пак ја брка јубилејната 10-та титула во Супер Купот во кој триумфираше и минатата година. 
 
Ова ќе биде само втор дуел на овие две екипи во ова натпреварување, а во првиот одигран 2005-тата година трофејот го освои Јувентус кој славеше победа по продолжението со 1-0. 
 
Дуелот за супер куп трофејот на Италија меѓу Интер и Јувентус ќе започне од 21 часот.