Балкан
10. March 2016 - 18:18

Интегриран модел за анулирање на т.н. пловечки отпад во Јадранското море

Педесетина претставници од 9 пилот општини, јавни комунални претпријатија и приватниот сектор, од Црна Гора, Албанија, Босна и Херцеговина и Хрватска се состанаа во Дубровник на втората дијалог платформа, за да им биде презентиран извештајот за проценката на моменталната состојба со управувањето со цврстиот отпад во 4 –те земjи и да дебатираат во изнаоѓање на заеднички модел за интегрирано управување. Моделот опфаќа мерки и активности на локално, регионално, национално и транс-гранично ниво.

Главните елементи на моделот да бидат во насока на мониторинг, односно воспоставување на регионален мониторинг систем, при што во земјите треба да има еден хармонизиран и унифициран пристап.-изјави Хари Шутоски, проект менаџер-ГИЗ ОРФ ММС

 Заедничко за сите земји учеснички е тоа што изминативе неколку години е регистрирана појавата на т.н. пловечки отпад, кој во главно се генерира во Албанија и носен од морските струи завршува долж Јадранското крајбрежје, се до островот Мљет и општината Сливно во Хрватска.

Ние сме крајната (последната) општина која ги собира, да речеме, нус производите од другите општини. Мислам дека треба да ги сензибилизираме и другите општини околу решавање на тој проблем.-изјави Виценцие Марковиќ, директор на ЈКП „Комунално“-Мљет

Анализите покажаа дека процентот на собирање на цврстиот отпад во руралните крајбрежни средини е доста низок, што значи дека најголемиот дел завршува на диви депонии и во Јадранското море. Ова прашање не може да се решава парцијално, туку преку механизам кој ќе овозможи регионална институционална координација, за размена на податоци и информации.

На редовна основа, општините, нивните асоцијации во односните земји, изградат координативни и комуникациски канали за собирање и размена на тие податоци, со што навремено би се интервенирало во критичните точки на кои се создава тој нелегален отпад-изјави Боран Иваноски, проект менаџер-НАЛАС

Анализата на отпадот е најважна информација за одржливо планирање на управувањето со цврстиот отпад- изјави Бојана Тот, генерален секретар на Асоцијацијата за управување со цврс отпад во Србија

Неадекватниот третман на отпадот има силно влијание врз локалните економии и развојот на туризмот, која им е примарна стопанска дејност.