Бизнис
2. January 2022 - 16:42

Инспекторите и трговците збунети - дали недела е неработен ден за сите

Екипата на Сител заедно со инспекторите од Трудовиот инспекторат на терен. Проверуваат, колку се почитува законот за работни односи. Како се врши изборот, го прашувам инспекторот Љуљзим Фаризи.

-Постапуваме по пријава поднесена од работниците во ТПИ. Покарј ова, работиме и на терен. Изборот го правиме по случаен избор, изјави Фаризи.

Сопственикот на објектот, однсно работодавачот заборавил ди ги пријави работниците кои ќе работат во недела. Денеска заработи само опомена, но веќе е влезен во евиденцијата на Трудовиот Инспекторат.

За обејктите кои ќе работат во недела, најдоцна до сабота сопственикот треба да поднесе листа со вработени кои ќе работат. Согласно законот, тиа имаат право на дневница повисока за 50%.

Казните за прекршителите се затворање на објектот 15 дена, а ако по втор пат го повтори делото, ќе се ссочи со забрана за работа од 30 дена. Плаќаат и парична казна.

-Казните се мали, од 150 евра дзас малите објекти до 1,000 евра  за големи, додава Фаризи.

Во другиот угостителки објект, законот се почитувал. Сопственикот поднел листа до инспекторатот, кои работници ќе работат и ќе добијат повисока дневница.

Инспекторите признаваат дека се малку на број. Во Скопје работат само 8мина. За да постигнат и да ги контролираат поголемиот број обејкти, велат дека ќе им требаат најмалку 30 инспектори.

-Ние завршуавме, инспекторите продолжуваат со контрол. Треба да проверат уште 6 објекти.