Инспектори од ДСЗИ во придружба на полицијата влегоа во контрола кај гинекологот од Струга
Инспектори на ДСЗИ во придружба на полицијата попладнево влегоа во контрола на директорот на болницата во Струга Мухамед Асани кој ја породи пациентката од Дебар.
За сега не се откриени детали за што станува збор, меѓутоа нивната акција доаѓа на само два дена откако 28-годишната медицинска сестра од Дебар Јилдиз Веаповска пред камерата на Сител прозборе за се она што го преживеала и како се случило нејзиниот најсреќен ден во животот да се претвори во пекол.
Како што кажа и самата Јилдиз, заминала на породување кај доктор Асани кој и ја водел целата бременост токму во онаа куќа во која денес влегуваат инспекторите. Асани тврдел дека има нормална бременост, тврди родилката. Откако се породила чувствувала силни болки меѓутоа тимот на Асани како што таа тврди во струшката болница не реагирал за на крајот кога се влошила ситуацијата таа да биде внесена во операциона сала и вели дека последното сеќавање и се скопските клиники каде што се разбудила по 10 дена поминати во кома.
Семејството Веапоски уште во ноември минатата година барало надлежните институции да постапат за случајот, но дури откако медицинската сестра излезе да говори пред медиумите инспекторите влегоа во куќата на гинекологот. Инаку, ова не е единствен случај во кој семејства обвинуваат за лекарски грешки со трајни последици од страна на Асани. Уште едно семејство обинува дека поради лекарска грешка на гинекологот, нивното бебе има траен инвалидитет.
Ново на Сител
-
Украинската армија вели дека нападот во текот на ноќта врз Русија бил „најмасовниот“ од војната
-
Началникот на Генералштабот на Армијата на конференција на Воениот комитет на НАТО
-
Децата ја наследуваат интелигенцијата од мајката, според новите истражувања
-
Ла Лига ја одби жалбата за суспензијата на Винисиус
-
Гвардиола: Ни требаат нови луѓе
-
Приведени скопјани барани со потерници
-
Пронајдена дрога кај осуденик во битолскиот затвор
-
Германија: „Дубаи чоколадо“ е само она што се произведува во ОАЕ