Македонија
3. October 2018 - 17:36

Инспекторатот утврдува дали девојчето фрлено преку прозор трпело насилство од соучениците

Што се случувало во училницата на ОУ Ѓорѓија Пулевски истражува државниот просветен инспекторат. Пред да пријават вчера во полиција, родителите на 14 девојче во петокот случајот го пријавиле во инспекторатот. Оттаму го осудија овој настан и велат дека се преземени сите мерки. Направен е увид во училиштето, земени се изјави од сите ученици, родителите, наставниците и директорот на Ѓорѓија Пулевски. Директорот на државниот инспекторат за Сител вели во рок од една недела треба да донесат одлука кој и каква одговорност ќе сноси за овој инцидент.

- Случајот доби две димензии се испитува дали станува збор за насилство или недоразбирање од детска игра. Инспекторатот може да изрече укажување, решение или пак да следат соодветни пријави за случајот.

Директорот на  училиштетот Александар Филипчев  кој вчера за дел од медиумите овој инцидент го оцени како детска игра а не насилство, денеска не беше достапен на работното место. Од службата на училиштето ни рекоа дека заминал на лекарски преглед и нема да дојде до крајот на работното време.  Го побаравме и на неговиот мобилен телефон но  тој не сакаше да даде изјава.

Одделенскиот раководител за Сител вели дека изречени се соодветни казни за учениците и за утре е закажана родителска средба. Тој за време на инцидентот не бил во училиштетот бидејќи по распоред тој ден предавал во соседното основно Љубен Лапе.

Од општината Аеродром го осудија овој случај и велат се во постојана комуникација со надлежните институции и училиштето.

Првиот човек на Меѓаши вели одговорност мора да има. Според Змијанац институциите мора да го расветлат случајот но и да утврдат зошто родителите пријавиле по неколку дена од инцидентот.

Училишното обезбедување денеска добило наредба никого да не пуштаат внатре па неколку родители надвор ги чекаа своите деца. Дел од  вработените зад камера коментираа дека за случајот имало видео снимка која сите надлежни ја виделе и станувало збор за игра а во неа девојчето не е фрлено туку самото се сопнало обидувајќи се да скокне преку прозорецот раскажува еден вработен.

Родителите и бабите кои ги сретнавме пред училишниот двор  велат случајот ги вознемирил и стравуваат за безбедноста на нивните деца.