Иноваторите на проектот „Филтер за воздух во велосипедско тркало“ на средба со Пендаровски
Претседателот Стево Пендаровски денеска ги прими студентите од Машинскиот факултет – Скопје, што го создадоа проектот Градски Еко Транспорт ( ГЕТ велосипед).
Со нивниот пронајдок „Филтер за воздух вграден во велосипедско тркало“, неодамна учествуваа на меѓународната изложба „KIWIE 2019“ одржана во Сеул, Јужна Кореја, каде што освоија Златен медал доделен од Меѓународната комисија составена од експерти во дадената област, Златен медал со диплома од Асоцијацијата за промоција на пронајдоци и иновации од Индонезија и со Диплома за најдобар пронајдок доделен од страна на Центар за Жени иноватори на Узбекистан.
На средбата, како што соопштија од кабинетот на претседателот Пендаровски, студентите го запознаа со нивната идеја, преку реализација на овој проект на граѓаните да им се понуди нова услуга, која овозможува алтернативен начин за движење во градска средина, односно интелигентен градски транспортен систем на електрични велосипеди кои ќе може да се изнајмуваат и кои со вградените филтри ќе го прочистуваат воздухот од ПМ10 честици, притоа придонесувајќи и за намалување на градскиот метеж.
Претседателот Пендаровски истакна дека ваквите идеи и проекти ја имаат неговата целосна поддршка, притоа изразувајќи задоволство што овојпат иновативноста и креативноста биле насочени кон еден од најгорливите глобални предизвици, подобрувањето на животната средина.
Претседателот, на средбата изразил увереност дека државата, но и компаниите и инвеститорите ги препознаваат ваквите добри проекти, и оти масовната употреба на ГЕТ велосипедот е многу реално очекување.
Пронајдокот „Филтер за воздух вграден во велосипедско тркало“, е развиен од студентите Ина Крстевска, Филип Попоски, Марко Насески, Мартин Спасовски, Игор Џамбаски и Александар Јанковиќ, заедно со нивниот ментор, професорот Иле Мирчески, а со помош на компанијата „Венито Комерц“ и Фондот за иновации и технолошки развој.
На средбата присуствуваа и деканот на Машинскиот факултет – Скопје, Дарко Данев, и штотуку дипломираниот студент Ташули Талески, кој на Меѓународната студенска олимпијада за проектирање на технологии за 2019 година го освои првото место.
Ново на Сител
-

Се бара нов 48-часовен притвор за четворицата осомничени за разбојништвата со смртни последици во Ѓорче
-

ДИК на седница усвои барање за акредитација за набљудувачи на изборите во Брвеница
-

Мицкоски: Граѓаните на Брвеница да гласаат за проект повеќе и подобар живот, а не за етнички поделби
-

Полицајци фалсификувале службен извештај за контрола на седум возила, но возачите тврдат дека никој не ги запрел
-

72-годишен Французин починал на Кадиохирургија во Скопје
-

Двајца малолетници нападнале и ограбиле 62-годишен маж во Тетово, едниот го повредил со остар предмет
-

Брнабиќ ја повика Студентската листа што поскоро да формира власт
-

Николоски: Автопатот Скопје-Блаце директно не поврзува со пристаништето во Бар

