Иновација на „Најк“: Хиџаб за спортистки
„Најк“ неодамна го промовираше својот нов производ - спортски хиџаб, наменет за спортистките од исламска вероисповест.
Прекривањето на главата во спортот е се уште забрането, речиси во секој спорт. Меѓунардоната фудбалска федерација (ФИФА) ги дозволи хиџабите дури во 2014, додека пак Меѓународната кошаркарска федерација (ФИБА), се уште ги забранува.
„Најк Про Хиџаб" е изработена од лесни и проѕирни материјали кои, како и кај досегашната опрема обезбедува оптимален проток на воздух дури и при високи температури. „Најк“ го развиваше овој производ речиси една година, а прва која го тестираше, беше лизгачката Захра Лари, пренесува „Гардиан“.
Спортскиот хиџаб ќе се најде на пазарот наредната 2018 година и тоа во три бои: црна, сива и опсидијан црна.
Ново на Сител
-
Уставен суд го поништи солидарниот данок, државата ќе враќа 49 милиони евра
-
Тема на денот со Љубомир Ѓурчевски, поранешен полициски началник
-
Четири кривични пријави за екс директорот на СОЗР
-
Уставен суд го поништи солидарниот данок, државата ќе враќа 49 милиони евра
-
Муслиу не бил дискриминиран по полова и политичка припадност, одлучи Уставен
-
Студентското радио на УКИМ заминува во историјата
-
Пријава за 4 дела за Пеце Мирчевски
-
Полиција влезе во МВР – сомнеж во јавните набавки за сервис на полициските возила