Инкасирани 6,8 милиони денари од продажба на градежни парцели во Штип
Општина Штип имаше успешна продажба на градежното земјиште за изградба на индивидуални куќи и стопански капацитети. Од понудените 13, продадени се осум парцели, информира портпаролот на општина Штип Драган Ристов.
- Согласно извештајот од спроведеното јавно наддавање, продадени се осум градежни парцели од вкупно 13, односно повеќе од половина. Шест од парцелите се за индивидуално домување. Продадени се сите и тие се лоцирани во населба Баби 6, на улица „Пиринска“ и во месноста „Леваци“ и две од продадените парцели се за деловни објекти лоцирани кај новата пошта и во кругот на „Астибо“, рече Ристов.
Вкупната цена од продажбата изнесува 6,8 милиони денари од кои 80 отсто или 5,5 милиони се приход за општина Штип, а преостанатите 20 отсто или 1,3 милиони денари се приход за државата.
Одделението за урбанизам согласно програмата, по завршување на сета процедура ќе подготви и нов оглас со понуда на дел од непродадените локации, како и нови градежни парцели.
Ново на Сител
-
Тешка сообраќајка на патот Дебар-Маврово, двајца повредени
-
Сообраќајот непречено по наместа влажни коловози
-
Бернар Арно прв на листата на најбогати луѓе во светот, Маск на третото место
-
Драма во Кавадарци: 18-годишник нападнал полицајци кои се обидувале да приведат побегнат затвореник
-
Меси се запиша во историјата на МЛС лигата – Гол и пет асистенции
-
Австралиската полиција уби тинејџер поради напад кој укажува на тероризам
-
Одбележување на 5 Maj - Денот на македонскиот јазик
-
Православните верници го слават Велигден