Инфраструктурни активности во општина Чешиново-Облешево
Со Грант средства од Европската комисија во рамките на ИПА фондот за рурални инвестиции Општина Чешиново-Облешево ќе го решава проблемот со водснабдувањето во село Спанчево, а ќе гради и две улици во село Теранци.
- Со средствата ќе се изврши реконструкција и „Изведба на бунар за подобрување на водоснабдувањето во с.Спанчево со изведба на цевковод за поврзување на бунарот со резервоарот “ како и изградба на две улици во село Теранци и тоа улицата„ Стојан Јакимов“ и крак на улицата „Стојан Јакимов“. Вкупната вредност за проектот за подобрување на Водоснабдувањето во с. Спанчево е со вредност од 2.053.767,00 денари, додека за изградба на улицата „Стојан Јакимов“ и крак од истата улица обезбедени се средства од 2.199.393,00 денари со кои ке бидат изградени два крака од улицата во должина од 400 метри ќе бидат поставени бехатон плочки со широчина на улицата од 3,5метри, изјави на денешната прес-конференција градоначалникот на општина Чешиново Облешево, Костадин Личков.
Со реализацијата на овие два проекта ќе се подобри водоснабдувањето на населението во село Спанчево, како и патната инфраструктура во село Тераци.
Ново на Сител
-
Над 3.000 универзитетски професори во Србија ги поддржаа студентите
-
Најмалку пет лица загинаа во зимската бура во САД
-
Александар Тарабунов со нова песна - „Снегови“
-
Ердоган: Турција ќе воведе 5Г мрежа во 2026 година
-
Српските специјалци ликвидираа маж кој уби едно лице во Јагодина
-
Бројот на загинати од земјотресот во Тибет се искачи на 95
-
Прегазен 66-годишен пешак во Тетово, сторителот побегнал
-
Пронајден и одземен хероин - Кривична и притвор за велешанец