Инфраструктурен проект на општина Битола во Нижеполе

Градоначалникот на општина Битола Владимир Талески денеска изврши увид на инфраструктурните активности што локалната самоуправа ги реализира во потпелистерското село Нижеполе.
Во атарот на селото често се појавуваат свлечишта и затоа општината секогаш навреме реагира и ги санира за да нема несакани проблеми, истакна Талески на денешната прес-конференција во Нижополе.
- Во овој период се работи на свлечиштето кај џамијата, односно во завршна фаза е изградбата на потпорниот ѕид кој е со должина од 65 метри. Со санацијата на овие 65 метри и со поправката на улицата, главниот проблем на мештаните ќе биде решен. Вредноста на овој проект, заедно со два пропусти за атмосферска вода кои ќе се направат на улицата, е некаде околу милион денари, посочи Талески.
Ново на Сител
-

Марш на ангелите во Штип за вистината и правдата
-

Тема на денот со Марјан Ѓорчев, екс амбасадор во Бугарија
-

ДДВ-то на дизелот се враќа од 10 на 18%
-

Иран повторно го затвори Ормутскиот теснец, Трамп се закани дека пак ќе фрла бомби
-

Македонските аеродроми со раст од 30% и покрај кризата на Блискиот Исток
-

Меѓупартиски обвинувања за животниот стандард
-

СДСМ поднесе интерпелација за министерот Трипуновски
-

Бугарија пред нови избори и обид да формира стабилна влада
