Информативна сесија во рамки на проектот „Партнерство за подобра бизнис регулатива во Македонија“
Законската регулатива и правната усогласеност што ги засега малите и средните претпријатија се тема на информативните сесии што во рамки на проектот „Партнерство за подобра бизнис регулатива“ поддржан од УСАИД се одржува во 19 градови низ државата.
Целта на одржувањето на сесиите, како денешната во Охрид, е подобрување на усогласеноста на компаниите со законската регулатива, а истовремено поттикнување на бизнис-секторот со свои предлози да помогне за подобрување на легислативата.
- Дури 70 отсто од компаниите, што се целна група на овие сесии, се правни субјекти од градови надвор од Скопје. Досега се реализирани 10 од 19-те предвидени средби во рамки на активноста, а по нивното завршување врз основа на дискусиите ќе произлезат конкретни предлози до државните институции во насока на унапредување и подобрување на регулативата што се однесува на водењето бизнис, истакна Билјана Прличкова од Стопанската комора за информатички и комуникациски технологии која е партнер во проектот.
Ана Марија Маневска, од консултантската компанија „ЕПИ центар“ истакна дека истражувањето спроведено во рамки на проектот покажува дека најголем интерес за дискусија кај бизнис-субјектите се правата и обврските што произлегуваат од Законот за работни односи, законските одредби од областа на даночната и царинска политика и од областа на животната средина и урбанизмот.
Полесно имплементирање на законите и јакнење на јавно-приватниот дијалог се во крајна линија и главните поенти на новиот четиригодишен проект со кој првпат, во насока на донесување подобра бизнис-регулатива, капацитетите ги здружуваат Стопанската комора на Македонија, Стопанската комора на Северозападна Македонија и Стопанската комора за информатички и комуникациски технологии (МАСИТ).
Ново на Сител
-
14-годишник ненадејно починал во битолско, му се слошило додека бил на роденден
-
Галант го информира Блинкен за операцијата во Рафа
-
УКИМ повторно рангиран на 1.990 место од 2.000 најдобри универзитети во светот
-
Претседателката ќе се придржува до официјалната примена на уставното име, во јавни настапи има лично право на самоопределување, велат од кабинетот на Силјановска Давкова
-
Стано: ЕУ очекува новите власти на Северна Македонија да продолжат со успешниот пристапен пат
-
Еруптираше вулканот Ибу во Индонезија
-
Тројца уапсени во Велика Британија поради соработка со разузнавачката служба на Хонг Конг
-
Во Косово досега попишани над 1,42 милиони лица, дел од Србите „се двоумат“