Индустриското производство во јануари со раст од 0,3 отсто
Индустриското производство во јануари 2020 година, во однос на јануари 2019 година, бележи раст од 0,3 отсто, објави Државниот завод за статистика.
Гледано по сектори, индустриското производство во секторот рударство и вадење камен во јануари 2020 година, во однос на јануари 2019 година, бележи пораст од 9,4 отсто, во секторот преработувачка индустрија бележи пораст од 4,6 отсто, а во секторот снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација опаѓање од 15,8 отсто.
Зголемувањето во секторот преработувачка индустрија е резултат, пред сѐ, на зголеменото производство во следните оддели: производство на прехранбени производи, производство на пијалаци, производство на текстил, производство на облека, производство на производи од гума и производи од пластични маси, производство на други неметални минерални производи, производство на метали, производство на фабрикувани метални производи, освен машини и опрема, производство на моторни возила, приколки и полуприколки и производство на мебел.
Според главните индустриски групи, производството во јануари 2020 година, во однос на јануари 2019 година, бележи пораст кај интермедијарни производи, освен енергија за 14,9 отсто и нетрајни производи за широка потрошувачка за шест отсто, додека опаѓање бележи кај енергија за 12,7 отсто, капитални производи за 5,5 отсто и трајни производи за широка потрошувачка за 5,4 отсто.
Ново на Сител
-
Филков: Коцевски направи сериозни грешки како јавен обвинител
-
Не сме виновни за високите цени, доматите 120 во маркет, а откуп 30 денари, велат производителите
-
Кога ќе заврши епидемијата на голема кашлица во Скопје која трае повеќе од една година?
-
Театарот „Војдан Чернодрински“ во Прилеп одбележува 75 години постоење во мизерни услови
-
Најава за продолжување на изградбата на стариот Струмички театар
-
33 интервенции на пожари од почетокот на годинава во охридскиот регион
-
Јавните комунални претпријатија имаат недостаток на стручен кадар
-
Преглед на вестите од светот