-->
-->
Индустриската зона во Пехчево ќе добие нов пат
-->
Со финансиска поддршка на Бирото за регионален развој и Министерството за локална самоуправа преку Центарот за развој на Источно-планскиот регион ќе се гради пат до идната индустриска зона во Пехчево. Како што информираше градоначалникот на општина Пехчево, Драган Тренчовски средствата што се обезбедени за оваа намена изнесуваат приближно четири милиони денари.
– Има преку 50 капацитети во делот каде ќе се грди патот до идната индустриска зона во Пехчево. Имаме во најава и изградба на други преработувачки капацитети. Пред се се работи за помали фирми кои имаат интерес да инвестираат во Пехчево. Имаме најава од страна на инвестирот Кит-Го за инвестиција за изградба на нов спортски комплекс кое е од огромно значење за нас како граѓани и затоа и потребата од изградба на овој пат е од огромно значење, рече Тренчовски
Додаде дека должината на пристапниот пат до индустриската зона ќе изнесува 120 метри.
Од Центарот за развој на Источно-планскиот регион велат дека примарна цел со изградбата на овој пат е да им се помогне на поголем дел од заинтересираните компании да го започнат својот бизнис.
Како што информираат од ИПР во тек е јавна набавка со тендерска документација за реализација на овој проект. Сите заинтересирани лица своите понуди треба да ги достават најдоцна до 12-ти овој месец на адреса на Центарот на Источниот-плански регион.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Танкер со нафта се запали во Северното море откако се судрил со товарен брод
-
Песков: Америка сака да види дека Киев сака мир за време на разговорите со Украина во Ријад
-
Поради сообраќајка на магистралниот пат Битола-Прилеп сообраќајот се пренасочува по регионалниот пат
-
Камбовски: Набрзо ќе биде избран в.д. претседател на Врховниот суд
-
Oд метастазиран рак до без рак за неколку месеци
-
Приведено лице од Крушевско за предизвикување пожар
-
Волците во Европа преминуваат од „строго заштитени“ во „заштитени“ животни
-
Фетел: Шумахер е најголемиот возач во историјата на Формула 1