Индонезиските рибари во дрвен чамец пронашле 94 муслимани Рохинџа
Индонезиските рибари пронашле 94 гладни и исцрпени муслимани од малцинската група Рохинџа, во дрвен чамец во провинцијата Аџех, меѓу кои имало и 30 деца, изјави денеска шефот на локалната полиција Мухамед Џамил.
Џамил изјави дека тројца рибари ги пронашле Рохинџите во понеделникот вечерта во чамец што плутал на околу шест километри од брегот, пренесуваат американските медиуми.
Тој додаде дека групата од бродот викала, барајќи помош и дека преминале на бродот на рибарите, но потоа имале дефект бидејќи моторот престанал да им работи на пат кон брегот.
Тие останале на бродот чекајќи ја одлуката од локалните власти дали ќе бидат прифатени.
-И натаму чекаме дополнителни упатства за тоа што да правиме со нив, кажа Џамил, додавајќи дека властите им обезбедиле храна и вода додека локалните жители им донирале облека.
Џамил истакна дека групата ја сочинувале 49 жени, 15 мажи и 30 деца, кои биле исцрпени од глад и дехидрираност по двонеделното патување.
Засега не е познато од каде тргнала групата или каде се упатила, бидејќи никој од нив не зборувал го англискиот или малајскиот јазик.
Ново на Сител
-
Лов на забранети животни – Каква казна предвидува законот за отстрел на мечки?
-
Тема на денот со Ѓоко Велковски заменик мин. за социјална политика демографија и млади
-
ГЕРБ иницира продолжување на преговорите за влада - Желјазков останува предлогот за премиер
-
Скопје утрово втор најзагаден град во светот – Ќе преземат ли советниците чекори за решавање на проблемот?
-
Во Струмица повторно активиран прагот на алармирање за загадениот воздух
-
Мехмедовиќ: ХМПВ не е нов вирус и нема потреба за загриженост
-
Груби доби отказ од тетовскиот државен универзитет
-
Интерпелациите во петок на седница, Мицкоски вели нема да успеат