Индонезија ќе користи кастрација во пресметката со педофилијата
Индонезискиот претседател Јоко Видодо изјави дека неговата земја вовела хемиска кастрација за казнување на педофилите, со цел да ја „збрише“ педофилијата во Индонезија.
Во интервју за Би-Би-Си, Видодо вели дека Индонезија ги почитува човековите права, но дека нема да прави никакви компромиси околу битката за искоренување на ова кривично дело.
Контроверзниот закон со кој се дозволува примена на хемиска кастрација за обвинети и осудени за педофилија е донесен во почетокот на овој месец.
Законот предизвика поделби и бурни реакции во индонезиската јавност, а Асоцијацијата на лекарите соопшти дека нивните членови нема да учествуваат во постапката за кастрирање на виновниците.
Според толкувањето на лекарите, станува збор за постапка која претставува „повреда на лекарската и медицинската етика“.
Хемиската кастрација се состои од користење на лекови и на хемиски супстанци кои ги „убиваат“ сексуалноста и либидото, без да се користи стерилизација или отстранување на органи.
- Нашиот Устав целосно ги почитува човековите права, но не може да се прави компромис кон вакви кривични дела. Ние сме одлучни за тоа и делуваме отворено, па ќе употребувае максимални казни за секое сексуално кривично дело и а секое секуално насилство, вели Јоко Видодо во интервјуто за Би-Би-Си.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Панче Тошковски, министер за внатрешни работи
-
75 години Танец
-
Средби и стратегија за пласман пред, а не за време на сезоната бараат земјоделците
-
Водата во Скопје по санацијата е безбедна за користење покажаа испитувањата
-
“Беланоца” криела гранати и ТНТ под земја и во објекти во Арачиново
-
Каде е Груби? Политичките препукувања продолжуваат
-
40 отсто од граѓаните задоволни од Мицкоски, СДСМ вели анкетата е лажна
-
Опозицијата обвинува дека новогодишната кошница нема ефект, власта го тврди спротивното