Индискиот Парламент ја криминализира праксата за „инстант развод“

Индискиот парламент денеска одобри закон со кој се криминализира контроверзната практика на инстант развод, што ја практикуваат некои членови на муслиманската заедница.
Законот е донесен откако Врховниот суд во 2017 година донесе одлука дека праксата на „троен талак“ е неуставна и ги крши основните права на жените. „Троен талак“ е пракса која овозможува на секој муслимански маж легално да се разведе од својата сопруга, со која е доволно тој трипати да го изговори, напише на хартија или во поново време и во електронска форма зборот талак, што на арапски значи развод. Индија беше една од ретките земји каде оваа пракса се уште беше законска.
Горниот дом на Парламентот го усвои законот познат како „Муслиманска жена“, кој се однесува на заштита на брачните права, со кој праксата „троен талак“ ќе значи затворска казна до три години. Законот претходно е одобрен од Долниот дом, а ќе стане закон откако ќе биде потпишан од претседателот Рам Нат Ковинд.
– Денеска е историски ден за Индија. Денеска, двата законодавни дома им овозможија правда на ќерките и сестрите од нашата муслиманска заедница, изјави министерот за правда Рави Шанкар Прасад.
Повеќе од 20 муслимански држави, вклучувајќи ги Пакистан и Малезија веќе ја забранија ваквата пракса.
Ново на Сител
-

Обрадовиќ повеќе не е тренер на КК Црвена Звезда
-

Трамп го уверил Нетанјаху дека секој конечен договор со Иран ќе го вклучи и иранското нуклеарно досие
-

Уапсен тетовец кај Фонтана во Градски парк, физички нападнал полицаец
-

Мицкоски: Народ кој не ја познава својата писменост лесно станува туѓ во сопствената историја
-

18-годишник со автомобил излетал од патот и тешко се повредил
-

Во летниковец на Средно Водно пронајдено безживотно тело на 64-годишен маж
-

Константин Филозоф – св. Кирил: 42 години живот и дело што се памети 12 века
-

Уапсен водич во автобус од Косово, пробал да подмити полицајци со 50 евра
