Свет
18. November 2018 - 10:09

Индија ја пребројува жртвите: Во налетот на циклонот Гаја загинаа 33 лица, евакуирани илјадници

Најмалку 33 лица настрадаа во налетот на циклонот Гаја кој го погоди јужниот брег на Индија, го соопштија денеска локалните власти новиот биланс на жртвите.

Индиската морнарица упати два бродови и еден хеликоптер за помош, додека властите испратија вода за пиење, храна и лекови за речиси 82.000 лица кои мораа да бидат евакуирани во повеќе од 400 прифатни центри.

Циклон со ветер до 90 километри на час и обилни врнежи ја погоди вчера индиската сојузна држава Тамил Наду.

Повеќето жртви настрадаа во поплавите и рушењето на домовите. Како што е наведено, 13 тела се пронајдени во петокот, а 20 во саботата. Загинале од последиците на поплавите, рушењето на куќите и струјни удари. Циклонот собори околу 30.000 електрчни столбови и над 100.000 стебла.