Свет
30. јуни 2020 - 10:26

Индија го одобри првото клиничко испитување на вакцина против Ковид-19

 Индиската компанија „Барат Биотек“ (Bharat Biotech) е прва во Индија која доби одобрување од страна на владиниот регулатор за тестирање вакцина за Ковид-19 на луѓе во земја со повеќе од 1,3 милијарди луѓе, која бележи големо зголемување на новозаразени.

„Индискиот регулатор за лекови го одобри барањето на компанијата за испитување на Коваксин, кој е развиен заедно со Националниот институт за вирологија“, соопшти компанијата.

Тестирањето на вакцините врз луѓето низ целата земја треба да започне во јули.

Вакцината е развиена и произведена во фабриката „Барат Биотек“ во Хајдерабад

Индија, која има помалку заразени само од САД, Бразил и Русија, вчера регистрира речиси 20.000 нови случаи, покажуваат податоците на Министерството за здравство. Од почетокот на пандемијата во оваа земја починаа повеќе од 16.000 луѓе.